Пристигна и 2018-та година, а овие 8 лоши работи уште се случуваат ширум светот!

Пристигна и 2018-та година, а овие 8 лоши работи уште се случуваат ширум светот!

Додека 2017-та донесе одредена доза срам, и социјален и политички, многу од нас сакаат некаква промена во новата година. Но, бидејќи новата година нема на волшебен начин да ги реши проблемите, важно е да се погледне кои работи треба да се променат. Време е да почнеме да се движиме напред во нашето навидум стагнантно општество. Погледнете 9 работи кои за некое чудо сè уште се случуваат.

1. Сексуално вознемирување

(1)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Без разлика во која област спаѓа вашето работно место, слушаме сè повеќе изјави на луѓе кои се жртва на сексуално малтретирање на нивната работа. Покрај неколкуте обвиненија кои го потресоа Холивуд минатата година, постојат уште безброј луѓе кои се исплашени или засрамени да истапат и да го кажат својот проблем.

2. Недостаток од чиста вода

(2)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Иако е 21-ви век, во многу места од светот луѓето немаат чиста вода за пиење. Ние кои имаме среќа можеби не сфаќаме дека водата е вистински луксуз за некои луѓе. И покрај напорите на организациите и властите, овој проблем постои и денес.

3. Медиумите не знаат да го претстават човечкото тело без да „продадат“ одредена фигура

(3)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Ако некогаш да се биде слаб била посакуваната фигура, денес некои компании додаваат стрии на моделите бидејќи тоа било тренд. Фактот дека не можеме да го прикажеме човечкото тело онакво какво што е, со или без стрии, е нереален. А ова има негативно влијание на сликата која луѓето ја создаваат за себе.

4. Сексизам и полови разлики

(4)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Веројатно сте слушнале приказни каде што жените кои работат сосема иста работа со мажите се платени помалку од нивните машки колеги. Според Американската асоцијација за жени, во 2016-та жените биле платени за 80% помалку од мажите. Оваа разлика постои и денес и треба да се промени.

5. Полова предност

(5)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Кога ќе ги забележите натписите за „вистински“ мажи и „вистински“ жени веднаш ќе ви стане јасно дека луѓето сè уште имаат чудни мислења за половите. Дури и заедничките тоалети за мажи и жени се реткост. Иако 2018-та нема да донесе целосна полова неутралност, можеби оваа година ќе видиме некаков напредок.

6. Расизам

(6)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Расизмот изгледа е константа во нашиот свет. Иако можеби мислиме дека расизмот е нешто од минатото, за жал и денес сè уште постојат многу жртви.

7. Чудни трендови за храна

(7)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Сигурно сте го забележале трендот за храната инспирирана од виножито и еднорози. Денес можете да најдете сè што наликува на виножито – од кафе до пица.

8. „Враќање“ на модата

(8)8-chudni-raboti-koi-se-sluchuvaat-i-vo-2018-ta-ta-godina-kafepauza.mk

Облеката која не сте ни помислиле да ја облечете веќе 10-тина години, повторно е во мода. Најновиот тренд се тексас здолништата кои земаат сè поголем замав. Изгледа дека модата постојано се повторува.

Погледнете ги и 4-те типови дискриминација против кои треба да продолжиме да се бориме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар