Пристаништето на напуштените бродови

Градот Нуадибу е втор по големина град во Мавританија и претставува комерцијален центар на земјата. Интересно во овој град е пристаништето, кое е вечно почивалиште на повеќе од 300 бродови кои биле напуштени од нивните сопственици. Овие бродови кои ‘рѓосуваат во плитките морски води, на пристаништето му ја донесоа титулата за најголемо почивалиште на напуштени бродови во светот.
Пристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиОвој несекојдневен феномен започнал во 80-тите години на минатиот век, по национализација на рибната индустрија во земјата, па така голем број неекономични бродови биле оставени тука по одобрение на власта.
Пристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиСитуацијата почнува да излегува од контрола со оглед на бројката на бродовите кои скапуваат на ова место. За оваа цел Европската Унија започна проект преку кој ќе се обиде да репарира дел од помалку уништените бродови, а останатите да ги уништи засекогаш. Засега местото успева да привлече голем број туристи, а уште попримамливо е за фотографите и сликарите.
Пристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродовиПристаништето на напуштените бродови

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар