Присила Присли открива каков бил животот со рок легендата Елвис Присли

Нивната венчавка ги скршила срцата на сите тинејџерки ширум светот. Во 1967 година, Елвис Присли се оженил со 21-годишната Присила Ен Биули по 7 години врска. 9 месеци подоцна, Присила ја родила нивната единствена ќерка Лиза Мери.

Присила Присли открива каков бил животот со рок легендата Елвис Присли

Од страна бракот изгледал совршено, но Присила Присли признала дека немала нормална адолесценција поради него. Сепак не е лесно да си во брак со рок легенда на само 21 година.

„Јас немав живот на нормална тинејџерка и морав да се прилагодам. На некој начин го следев она што тој го прави. Го живеев неговиот живот. Ги гледав филмовите што тој сакаше да ги гледа, ја слушав музиката што тој ја слушаше, одев на места каде што тој одеше. Така се изгубив себеси“, изјавила сега 71-годишната Присила во едно интервју за емисијата „Loose Women“.

Присила Присли открива каков бил животот со рок легендата Елвис Присли

Таа иако зборува со љубов за тие години, парот заедно со поблискиот круг на луѓе живееле како во „меурче“ во огромната куќа на рок легендата во Мемфис, Грејсленд.

„Тој не излегуваше, не сакаше да оди во ресторани бидејќи луѓето сакаа да се сликаат со него, а не сакаше да биде фотографиран додека јаде со виљушка во устата. Навистина живеевме во меурче. Ако сакавме да возиме ролерки, тој изнајмуваше цел забавен парк каде што се возевме на ролеркостери“, објаснила таа.

И покрај тоа што таквиот живот бил на некој начин забавен, не траел долго. Присила имала 27 години кога се развела од Елвис.

„Не се разведов од него затоа што не го сакав. Тој беше љубовта на мојот живот, навистина. Си отидов бидејќи сакав да дознам каков е светот“, признала Присила во интервјуто.

Присила Присли открива каков бил животот со рок легендата Елвис Присли

Нивната врска била исполнета со прекрасни моменти, меѓутоа критиките од јавноста за време и по нивниот брак навистина ја погодиле Присила.

„Ме мразеа затоа што се омажив со него, ме мразеа и затоа што се разведов. Навистина ми беше тешко тоа што луѓето ме осудуваа без да знаат каков е мојот живот и без да знаат колку очајно се трудев да бидам добра сопруга, мајка и пријателка“, раскажала таа.

Навистина не би можеле да знаеме каков е нечиј живот додека не го почувствуваме тоа на наша кожа. Многумина би посакале да се венчаат со нивната омилена ѕвезда, но таквиот навидум гламурозен живот воопшто не е лесен. Погледнете го целосното интервју на Присила Присли за „Loose Women“…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар