Приказната за вистинскиот Супермен!

Сите ние како мали сме имале суперхерои и сме тежнееле да бидеме како нив и да ги поседуваме сите нивни супермоќи. Но, честопати тоа не е дел само од детството. Понекогаш, некој за нас може да биде вистински суперхерој! Таков е случајот и со оваа приказна, којашто ќе ви го допре срцето и ќе ви послужи како ваша животна лекција.

Еден ден, едно седумгодишно момче патувало со воз, облечено како Супермен. Тој имал широка насмевка, очите му блескале и од неговата душа произлегувала неизмерна радост. Одеднаш, еден безмилосен и груб човек којшто седел покрај него му рекол: „Еј момче, ти не си Супермен! Зошто си облечен како него?“

Младото момче само погледнало во него и одговорило: „Можеби за вас не изгледам како Супермен, но одам да ја видам мајка ми којашто е многу болна и е во болница. Таа секогаш се насменува кога ме гледа… Јас сум нејзиниот Супермен… Затоа сум облечен вака.“

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар