Приказната за „Бубата“ – најпопуларниот Фолксваген автомобил

Популарно наречената Буба, за првпат е произведена во 1938 година во Германија, од најголемата автомобилската компанија Фолксваген. Официјално, Бубата се нарекува Фолксваген тип 1, но позната е и како Фолксваген бубачка. Со производство од над 21 милион возила, Бубата претставува еден од најпродаваните автомобили на сите времиња.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилБуквално, Фолксваген (Volkswagen) значи народно возило или автомобил за народот. Идејата да се создаде народно возило, кое ќе биде едноставно по дизајн и кое секој ќе може да си го дозволи, не била нова. Пред да биде создадена Бубата, сите напори за помали и едноставни автомобили биле безуспешни или пак на крајот, нивната цена изнесувала повеќе од едногодишна плата на просечен работник.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилВо тоа време Адолф Хитлер, како дел од својата воена пропаганда, прогласува дека колата не треба да биде привилегија само на богатите. Во 1934 година тој го повикал Фердинанд Порше, веќе истакнат инженер за автомобили, за да му ја образложи неговата идеја за создавање автомобил кој ќе биде достапен за сите. Според Хитлер, новиот автомобил требало да биде мал, брз, издржлив, да собира 5 луѓе и неговата цена да изнесува не повеќе од 1.000 германски марки. Порше направил дизајни за 3 прототипови, од кои бил избран токму овој кој сите го знаеме.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилЗа своите воени цели, Хитлер посакувал возило токму како Бубата, мало, но доволно издржливо. Пред екот на војната, Бубите почнале да се произведуваат во новоотворената фабрика на Фолксваген во Волфсбург. Тежеле околу 500 килограми и се користеле на сите фронтови за време на војната. Тука се покажале толку издржливи, што за нив се велело дека ќе поминат и онаму каде што камилите не можат.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилВо 1955 година, Бубата станува првиот автомобил со годишно производство од над 1 милион возила годишно. Во САД, овој автомобил својата слава ја доживува многу подоцна, односно во 1971 година откако почнува да се произведува Супер Бубата.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилСите овие години, Бубата еволуираше со многу подобри перформанси, како и со далеку помодерен надворешен и внатрешен дизајн. Новата верзија на Бубата „2012 VW“, е инспирирана токму од оригиналната Буба, но секако, изгледа многу помодерно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар