Приказната на еден самохран родител: 7 причини поради кои не сум најдобриот татко на светот!

Семејниот живот понекогаш знае да биде суров и неправеден, особено ако се работи за самохран родител кој мора сам да го воспита и израсне детето. Иако многумина ги идеализираат таквите луѓе, се чудат на нивната способност да го воспитуваат своето дете, а притоа да ги извршуваат сите секојдневни обврски, сепак нивниот живот воопшто не е таков како што изгледа. Многумина молчат за своите проблеми, сакаат луѓето да веруваат во нивната способност, а притоа се „гушат“ во неможноста да им го подарат она што најмногу го сакаат на своите деца – својата целосна посветеност. Но, еден самохран татко, Лазар, реши да го прекине својот молк и да им објасни на останатите зошто не е сѐ онака како што изгледа и кои се неговите причини зошто не е најдобриот татко на својата ќерка.

3-prikazna-na-samohran-tatko-7-prichini-zaradi-koi-ne-sum-najdobriot-tatko-na-svetot-www.kafepauza.mk_

Иако веќе подолго време многумина од вас ми се восхитуваат, ме тапкаат по рамото и ми велат браво, решив да ви ги откријам работите кои не ме прават идеален човек, идеален родител, најдобар татко. Можеби сум и далеку од сето тоа. После многубројни и долги разговори, после многу читање, истражување и соочување со фактите, но и со самиот себе, после многу мислење и размислување, дојдов до овие седум работи кои со сигурност не ме прават најдобриот татко, туку можеби и најлошиот.

1. Попустлив сум кон барањата и желбите на детето

Иако знам да кажам „НЕ“ и да го стегнам срцето кога ќе „заплаче“, на крајот секогаш таа се жали што (по)сакала нешто. Освен една изрека која вели „Кого ќе разгалиме ако не сопствените деца“, сите се сложуваат (па и јас) со тоа дека не треба да ги разгалуваме децата. Дали мојата ќерка е разгалена? Многумина велат дека не е. Сепак за своја грешка го сметам тоа што на крај секогаш е по нејзино.

2. Премногу сум заштитнички настроен кон детето

Многумина ме гледаат чудно затоа што додека таа се шета, си игра, трча или разговара со луѓето во паркот, јас само стојам на страна и ја оставам сама да ги вежба односите со другите деца, возрасни. Истото се случува и кога ѝ дозволувам на мојата мајка, пријателка или друга блиска личност да ја „кара“ (не во буквална смисла на тој збор), иако јас сепак доаѓам тогаш кога навистина ќе згусне. Често и самиот ја карам и се обидувам да ѝ објаснам, но секогаш гледам да ги оправдам некои нејзини постапки, секогаш гледам да ја разберам, но и да се обидам на другите да им помогнам да ја разберат, а сѐ заради, нели, „нејзината ситуација“. Често ѝ попуштам заради околностите, премногу ѝ угодувам.

3. Поминувам малку време со детето

Со неа, покрај неа, со приказни, читање, играње, шетање, општо… не ми се доволни ниту 25 часа дневно. А повторно, 21 век е, а живееме во Србија…

4. Хронично сум уморен, нервозен

Често ми се случува во текот на ноќта и кога можам да заспијам всушност да не спијам, бидејќи „нешто“ ме прогонува, некој товар, нешто ми се врти во главата, па утредента заморот е присутен. Со заморот редовно доаѓа нервозата, стресот. Колку и да се трудам за целата таа негативна енергија да ја канализирам во позитивна, се случува сепак да не успеам, па едноставно се повлекувам во себе, се тргам од сите, се сокривам, додека сето тоа не помине.

5. Незадоволен сум од самиот себе

Како, после неуспехот во некои работи, после некои неостварени соништа и заеднички желби (зборувам за својата ќерка и за себе), да бидам задоволен со себе? Многумина велат дека сум млад и дека имам време, а јас повторно велам дека нема време, бидејќи за неа секој месец, ден, час, во оваа возрасти ѝ е многу важен. А повторно, не успевам секој час, ден, месец да се посветам само и исклучиво на неа, на нејзините и нашите желби, не успевам во многу работи. Без разлика до кого е, се мразам себеси заради тие работи кои не можам да ѝ ги исполнам.

6. Себичен сум, љубоморен, често лут (на себе)

Себичен сум бидејќи нашите, односно нејзините и моите желби ги ставам пред сѐ, пред сите. Себичен сум, бидејќи не дозволувам никој и ништо да ја тргне насмевката од нејзиното лице, дури и кога тоа би значело другите да бидат несреќни и тажни. Себичен сум кон целиот свет, себичен сум и кон себе (можеби и најмногу кон себе), бидејќи не дозволувам ништо (или никој) да ѝ влијае на нејзината среќа. И многу сум љубоморен кога ќе си заигра без мене, со други деца, па е среќна без мене или причината за таа среќа не сум јас. И често сум многу лут што не можам уште повеќе да ја усреќам, иако многу добро знам што најмногу би ја усреќило.

7. Семејство – тука потфрлив

Велат дека куќата не стои на земја, туку на жената, а дека мажот е тука за да го одржи тој брак, односно тој ги претставува темелите. Можеби, и покрај целиот труд и сето мое залагање, сепак тука потфрлив, бидејќи не сум силен маж кој успеал да го сочува своето семејство на куп, а ниту пак да основа ново, за барем таа привидно да има „нормално“ детство бидејќи семејството е сепак темел на здравото и нормално растење. А како и да основам семејство денес, кога сите знаеме каква е ситуацијата кај нас самохраните родители? Некои работи се такви какви што се. На некои од овие работи не можам да влијаам. Во теорија, знам сѐ што би требало и како би требало, но во пракса тоа изгледа малку поразлично.

Гледате, не сум супер татко како што многумина мислат, како што многумина гледаат. Можеби сум и најлош! Можеби некои се во право кога велат дека не треба да се оптоварувам со вакви или онакви работи, но често чувствувам неправда, неправда кон сите кои, можеби, премногу ме идеализираат. И затоа секогаш треба да бидете чесни и искрени кон себе, бидејќи само така можете да го пронајдете сопствениот мир. Верувам дека во овој град, држава, па и на Балконот има многу подобри, како татковци, така и мајки од она што сум јас на своето дете.

Прочитајте ги овие моќни цитати коишто ја прикажуваат нераскинливата врска помеѓу таткото и ќерката.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар