Приказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?

Приказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?

Дали сте ја чуле поучната приказна за пријателството Лучијано Павароти, Пласидо Доминго и Хозе Карерас? Сигурно ви се познати трите тенори кои го воодушевија светот со нивното заедничко пеење, но дали знаете какви биле нивните меѓусебни односи? Прочитајте ја оваа приказна за двајца непријатели што ќе ви даде сосема поинаква слика за познатите оперски пејачи…

Приказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?

Дури и оние кои никогаш не ја посетиле Шпанија знаат за конфликтот помеѓу Каталонците и Мадриѓаните. Така се случило Доминго да биде Мадриѓанец, а Карерас Каталонец. Во 1984 година тие станале непријатели од политички причини. Изјавиле дека ќе настапуваат само доколку едниот од нив не е повикан.

Во 1987 година Карерас се запознал со неговиот нов непријател, леукемијата. Имал трансплантација на коскена срж и примал хемотерапија што го принудило да патува еднаш месечно. Тој бил неспособен да работи под такви услови и иако поседувал огромно богатство, високите трошоци околу сите тие патувања и медицински терапии ги исцрпиле неговите финансии.

При крајот на своите финансиски можности, тој нашол фондација во Мадрид чија единствена цел била да ги поддржи третманите на болните од леукемија. Благодарение на поддршката од страна на фондацијата „Хермоса“, Карерас ја победил болеста, продолжил да настапува и повторно стекнал големо богатство, па се обидел да ѝ се приклучи на фондацијата.

Читајќи ги правилата на фондацијата, открил дека нејзин основач, најголем инвеститор и претседател бил токму Пласидо Доминго! Подоцна открил дека тој сакал да му помогне под услов да остане анонимен за да не си ја прегази гордоста.

Најтрогателна била нивната средба. За време на еден нивен настап, Карерас го прекинал настанот, понизно клекнал на колена, го замолил Пласидо за прошка и јавно му се заблагодарил. Пласидо цврсто го прегрнал.

Во едно интервју, новинарот го прашал Доминго зошто треба да му се помогне на непријателот, а тој одговорил: „Не можевме да си дозволиме да изгубиме таков глас“.

Ова е вистинска приказна за човечката љубезност и на сите треба да ни послужи како пример и инспирација!

Во продолжение прочитајте ја следнава поучна приказна која ќе ве научи како треба да реагирате на зависта, злобата и навредите од другите луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар