Приказна за добра ноќ што ги заспива возрасните за само неколку минути

Не можете да заспиете навечер? Не сте единствени! Многу луѓе имаат проблеми со спиењето, а сите знаеме дека квалитетниот сон е неопходен за нормалното извршување на секојдневните обврски. За среќа, постои една аудио приказна што веднаш ќе ве испрати во светот на соништата.

Приказна за добра ноќ што ги заспива возрасните за само неколку минути

Станува збор за приказна раскажана од страна на актерот Стивен Фрај, кој инаку му е најдобар пријател на Хју Лори, попознат како доктор Хаус. Приказната трае 24 минути и е создадена благодарение на апликацијата за медитација Calm.

Приказната за добра ноќ се вика „Сино злато“ (Blue Gold) и ќе ги одведе возрасните на мрзлива прошетка низ полињата од лаванда во Прованса. Додека да трепнете, ќе се почувствувате поспани и ќе потонете во длабок сон.

„Ве предизвикуваме да останете будни овие 24 минути додека трае приспивното ремек-дело од Стивен Фрај“, напишала компанијата на веб-сајтот.

Ќе го прифатите предизвикот? Можете да ја слушнете приказната тука или пак да ја симнете апликацијата. Убав сон!

Доколку имате проблеми со спиењето, прочитајте ја и оваа античка техника за подобар сон.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар