Прекрасни цитати од Емили Бронте

Емили Бронте е англиска писателка, најпозната по нејзиното дело „Оркански височини“ кое денес спаѓа во едно од најкласичните дела на англиската литература. Најверојатно Емили била најпозната помеѓу нејзините сестри, но самото досие за нејзиниот живот е исклучително слабо. За нејзината големина зборуваат многу од нејзините прекрасни цитати. Во продолжение проследете дел од најубавите…

Прекрасни цитати од Емили Бронте

„Ако би можела, секогаш би работела во тишина и анонимност, па би дозволила моите напори да бидат познати по нивните резултати.“

„Без оглед на тоа од што се направени нашите души, неговата и мојата се исти.“

„Јас не ти го скршив срцето – ти го скрши, и правејќи го тоа, го скрши и моето.“

„Ако барем еднаш ме погледнеше на таков начин што знам дека постои во тебе, јас ќе бев твој роб.“

„Бакни ме повторно, но не дозволувај ми да ги видам твоите очи! Ти го простувам она што ми го направи. Го сакам својот убиец – но твојот! Како би можела?“

Прекрасни цитати од Емили Бронте

„Секоја вечер се молам да живеам после него, затоа што повеќе би сакала јас да бидам несреќна, отколку тој, што докажува дека го сакам повеќе од што се сакам себеси.“

„Мора да ми простиш затоа што се борев само за тебе.“

„Тој што не завршил половина од својата дневна работа до десет часот, има шанси да ја остави останатата половина незавршена.“

„Доброто срце ќе ви помогне да имате убаво лице, а лошото ќе ја претвори убавината во нешто полошо од грдо.“

„Искрените луѓе не ги кријат нивните дела.“

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар