Прекрасен, но проколнат остров. Дали сепак би го посетиле?

Гајола е прекрасен италијански остров. Отсечен е, околу него има кристално чиста вода, но е тотално напуштен. За нешто толку природно прекрасно да биде комплетно празно мора да има нешто што не е во ред.

1-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk

Имено, никој не живее овде бидејќи островот крие мрачна тајна. Се смета дека островот е проколнат. Многу сопственици и жители на овој остров ги снашло трагична судбина. Иако не изгледа проколнато, изгледот може да лаже.

Причината поради која многумина веруваат дека е проколнат е заради неговите поранешни жители кои се соочиле со прерана и неочекувана смрт.

2-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk

Серијата несреќи започнала во 1920-тите, кога сопственикот Ханс Браун бил пронајден мртов. Потоа, неговата жена се удавила во морето. Следниот сопственик на вилата, Германецот Ото Грунбек, починал од срцев удар додека бил на островот. Уште еден сопственик починал извршувајќи самоубиство. Потоа, германскиот производител на челик Барон Карл Пол Лангхајм, завршил во економска пропаст.

3-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk4-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk

Островот исто така му припаѓал на Џани Ањели, главниот акционер во Фиат, чиј син извршил самоубиство. После неговата смрт, Џани почнал да го обучува неговиот внук Умберто Ањели да го води Фиат. Но, Умберто подоцна починал од редок вид рак. Уште еден сопственик, мултимилијардерот Пол Гети искусил трагедија набрзо откако го купил островот – неговиот внук бил киднапиран. Последниот сопственик на островот Џанпаскуале Грапоне завршил во затвор бидејќи пропаднала неговата осигурителна компанија.

5-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk6-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk

Сега островот е ненаселен, и изгледа со добра причина. Но, ако сепак сакате да го посетите, островот Гајола се наоѓа на брегот на Неaпoл, Италија, и до него лесно се стигнува со брод.

7-prekrasen-no-prokolnat-ostrov-dali-sepak-bi-go-posetile-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар