Правила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работа

Правила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работа

Правила на умот“ е фасцинантна книга која ги истражува 12-те едноставни принципи чија цел е да ни помогнат подобро да го искористиме нашиот мозок, да станеме подобри учители, студенти, родители и бизнис лидери. Книгата е напишана од страна на Јохан Дисалиер и ни нуди одличен поглед во начинот на кој нашиот мозок функционира. Следуваат 12-те принципи накратко опишани со цел да ви помогнат да сфатите што му е потребно на мозокот, како да ја подобрите неговата работа и да ги постигнете полесно вашите цели.

Правила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работа

1. Вежбање. Вежбањето ја поттикнува работата на мозокот така што го зголемува дотокот на кислород, кој пак ги намалува слободните радикали кои се врзани со него. Зголемувањето на кислород секогаш е проследено со ментална острина.

2. Преживување. Човечкиот мозок постојано еволуира, но преживуваат само најсилните мозоци, не најсилните тела. Нашата способност да решиме проблеми, да учиме од грешките и да создаваме сојузи со другите луѓе е тоа што ни помага да преживееме.

3. Поврзување. Сечиј мозок е различно поврзан. Тоа што вие го правите и учите во животот физички го менува изгледот на вашиот мозок. Сите ние мислиме дека постојат само 7 категории интелигенција, но реалноста е дека има многу повеќе од 7 милијарди – скоро колку целата популација на светот.

4. Внимание. Нештата на кои им обрнуваме внимание се под најголемо влијание од нашата меморија. Нашите претходни искуства предвидуваат кон што треба да се насочиме. Во ова одлука голема улога игра и културата.

5. Краткотрајна меморија. Повторувајте за да не заборавате. Човечкиот мозок може да задржи околу 7 парчиња од информацијата во период од 30 секунди! Ако сакате да го продолжите ова време, ќе мора постојано да се изложувате на таа информација.

6. Музика. Идеите за начинот на кој музиката влијае врз мозокот долго време биле дел од анегдотите. Но, истражувачите сега со сигурност можат да потврдат дека музиката има моќ целосно да го промени вашиот мозок, на подобро.

7. Спиење. Спијте добро, размислувајте добро. Кога спиеме, мозокот воопшто не се одмора. Баш напротив, тој е неверојатно активен. Постојат многу докази кои укажуваат на фактот дека сонот ни е потребен за да можеме да учиме.

8. Стрес. Мозокот под стрес не учи на истиот начин. Стресот го оштетува секој вид когниција кој постои, ја оштетува меморијата како и основните функции. Тој може да им наштети на вашите моторни вештини, а по долга изложеност и на одговорите од имуниот систем.

9. Сензорна интеграција. Нашите сетила работат заедно, па токму затоа и е многу важно да ги стимулирате сите. Вашата глава се обидува да се справи со перцепциите за целиот свет преку погледот, звукот, вкусот, миризбата и допирот, па затоа и тие се постојано вклучени.

10. Визија. Видот владее над сите останати сетила. Ние сме неверојатно способни за помнење фотографии. Ако слушнете парче од информација, по 3 дена ќе помните само 10% од неа, но ако ја видите – ќе помните дури 65%!

11. Пол. Машките и женските мозоци функционираат различно. Без разлика дали станува збор за ментални заболувања, стрес или емоции, мажите и жените сосема различно се справуваат со овие нешта.

12. Истражување. Сите ние сме моќни и природни истражувачи. Бебињата се одличен пример за начинот на кој учиме – не преку пасивна реакција на околината, туку преку активно тестирање низ набљудување, поставување хипотези, експериментирање и донесување заклучок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар