Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

Разликите помеѓу сфаќањата и животниот стил на мажите и жените понекогаш се причина за многу проблеми и недоразбирања, но може да се погледнат и од забавен аспект.

Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

1. Понекогаш едноставно не сакаме да разговараме. Не го сфаќајте тоа лично.

2. Забележуваме други жени бидејќи сме мажи и живи суштества. Тоа не значи дека планираме да ве откачиме и да ги бркаме нив.

3. Беспомошноста не е слатка.

4. Прејдете на главното.

5. Сфатете дека мажите можат да прават само една работа во моментот. Така што, не зборувајте ни додека правиме нешто друго. Или ќе ве игнорираме бидејќи не ве слушаме (најискрено) или ќе го расипеме она што го правиме бидејќи сте ни го одвлекле вниманието од тоа.

6. Исклучок од претходното правило: Прекинете нè ако нешто гори, некому му треба итна медицинска помош, даваат згодни девојки на ТВ или треба да се заврши некоја херојска задача.

7. Не можете да се жалите дека нема добри дечки, кога некои од нас се сè уште сингл.

8. Кога поставувате прашање од типот „Мислиш дека таа е поубава од мене?“ заборавате на можниот одговор „Да“. И што би направиле тогаш?

9. Не очекувајте дека дури и најдобрата врска може да ги реши сите ваши проблеми. Само затоа што ве сакаме, не значи дека можеме да се избориме со вашиот целулит, со недостатокот од пари или со лошото расположение.

10. Ние не би носеле високи штикли за да ве импресионираме ВАС.

11. Дишете одвреме-навреме за да можеме и ние да кажеме некој збор.

12. За нас возењето не е само начин да стигнеме од точката А до точката Б. Тоа е можност да управуваме со некој тон челик.

13. Ако сакате да забележиме нешто на вас, помогнете ни почнувајќи со реченицата „Денес бев на фризер“.

14. Скријте ги книгите за самопомош кога ви доаѓаме на гости. Нè прават нервозни.

15. Потребно ни е понекогаш да вегетираме.

16. Ние не одиме на шопинг. Кога ни треба нешто, едноставно го купуваме.

17. Веруваме дека нашите телесни функции се сосема нормални, а понекогаш и импресивни.

18. Не ви веруваме кога велите дека парите не ви се важни.

19. Кога гледаме постари и не многу привлечни мажи со помлади згодни девојки ние се чувствуваме горди што сме мажи. Не ни е гајле што не е фер.

20. Не дека ние не сакаме да ве направиме среќни. Едноставно некогаш не знаеме како.

21. Научете да ја користите веце-шолјата. Ако капакот е дигнат, спуштете го.

22. Ако поставите прашање за кое не сакате баш да го чуете одговорот, тогаш очекувајте одговор кој не сакате да го чуете.

23. Пивото е возбудливо за нас колку што за вас се чантите.

24. Кога треба негде да одиме заедно, ОК е да облечете апсолутно што било. Навистина!

25. Имате доволно облека.

26. Имате премногу чевли.

27. Плачењето е уцена.

28. Вашите бивши се идиоти.

29. Недела е ден за спорт, тоа е тоа.

30. Не нè прашувајте за што размислуваме ако не сте подготвени да разговарате за новата GTA, спортски бандажи или за светското првенство во фудбал.

31. Кога сакате нешто кажете,не давајте знаци и навестувања. Едноставно кажете.

32. Не, не знаеме дека е годишнина од нашиот прв бакнеж. Забележете ги важните датуми во нашите календари ако сакате да се сетиме дека требало да ви купиме подарок.

33. Ние не знаеме да читаме мисли и никогаш нема да знаеме. Овој недостаток во нашите способности не е доказ дека не се грижиме за вас.

34. Повеќето мажи поседуваат по 3 пара чевли. Зошто мислите дека би биле добри во избирање на еден од 50 пара колку што имате вие кои најдобро би ви одговарале со фустанот што го носите?

35. „Да“ и „не“ се совршено добри одговори во многу ситуации.

36. Обратете ни се ако имате проблем и ако сакате да го решите. Ние тоа го правиме. Ако сакате сочувство и разбирање, одете видете се со другарките.

37. Не глумете оргазам. Попрво би прифатиле дека сме неефективни отколку измамени.

38. Сè што сме кажале пред  6 месеци не може да се употреби како аргумент против нас во кавга. Сите коментари се поништуваат во рок од 7 дена.

39. Ако нешто што сме го кажале може да се интерпретира на два начини, а едниот од нив ве разлутува или растажува, сме мислеле на другиот.

40. Можете да ни кажете нешто да направиме или како сакате нешто да биде направено. Не двете.

41. Ако ве прашаме што ви е и вие речете „Ништо“, ќе се однесуваме како ништо да не ви е.

42. Мажите гледаат во помалку бои. Праска за нас е само овошје, не и боја.

43. Ако носите вондербра и кратка стегната блузичка, автоматски сте го изгубиле правото да се жалите дека мажи се ѕверат во вашите гради.

44. На Кристофер Колумбо не му требале насоки. Така ни нам.

45. Секогаш кога е можно, гледајте да ги кажете работите што сакате да ги кажете за време на рекламите.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Femmina Reply

    Tocno! I ima zeni koi gi znaat ovie pravila!

Остави коментар