Познатите фаци во филмски утки

Познатите фаци во филмски утки

Никој не е безгрешен, па така ни познатите, а во овој случај зборуваме за нивниот избор на филмските улоги. Лошиот филм, исто како и добриот, е заеднички труд, но најчесто на актерите (понекогаш и на режисерите) најмногу им се „пишува“. Затоа, решивме да ја прочешламе листата на најлоши 100 филмови на International Movie Data Base (IMDB),која се креира врз основа на гласовите на публиката и да видиме кој каде „кикснал“.Познатите фаци во филмски уткиФилмовите како Glitter со Мараја Кери и Gigly со Џенифер Лопез и Бен Афлек, иако се на листата, ги прескокнавме, пред сè, затоа што уште кога излегоа многу се плукаше по нив. Од остатокот одбравме некои од поинтересните филмски приказни каде некоја ѕвезда се „избламирала“ на големото платно.

Парис Хилтон

Апсолутна кралица на пропаднатите филмови е Парис Хилтон. Да, не е баш некоја мистерија дека малата размазена богаташка е без талент за глума и за пеење и дека е позната само по тоа што е позната. Но, дури 4 филма во кои таа глумела некоја од главните улоги (The Hottie & the Nottie, Pledge This!, The Hillz и Nine Lives) се на листата на 100-те најлоши светски остварувања на IMDB. Тоа е премногу дури и за неа. Интересно е што дури и првиот филм каде што се појавила во занемарливата улогата на „девојка на плажата“, Wishman, е со оценка 1,5. Прашање е кога режисерите ќе почнат да бегаат од неа како од чума или пак некој повторно ќе биде доволно луд, храбар и глупав (во исто време) да и даде втора шанса.Познатите фаци во филмски утки

Џон Траволта

Откако ги сними мега-хитовите како Pulp Fiction („Евтини приказни“) и Grease („Брилијантин“), Џон Траволта се впушти во еден малце поинаков проект – научнофантастичниот Battlefield Earth: A Saga of the Year 3000. Филмот е направен по книга на Рон Хабард, водач на црквата на Скиентологијата во која и денес Траволта е член. Станува збор за вонземјани кои ја имаат поробено Земјава и нормално еден Американец одлучува да им се спротистави. А Џон Траволта е злобниот водач на вонземјаните. „Се околу овој филм не чини. Од несоодветната музика, сетовите во кои не може да се верува, ужасните дијалози, лошата глума и специјалните ефекти, почетокот, средината, а особено крајот”, пишуваа критичарите. Покрај него во филмот се појавуваат и актерите Форест Витакер и Шон Остин Грин.Познатите фаци во филмски утки

Џон Војт

Нема шанси да не сте виделе барем еден филм во кој глуми Џон Војт, а за поновите генерации најчесто е препознатлив како „таткото на Анџелина Џоли“. Покрај филмовите како „Анаконда“ и „Државен непријател“, се појави и во „Супербебиња: бебиња-гении 2“, односно најлошиот филм според гласовите на IMDB. Може да се претпостави дека не размислувал трезвено кога го прифатил проектот затоа што приказната е повеќе од смешна – група паметни бебиња кои зборуваат, се наоѓаат во центарот на експеримент чија цел е да се пробие кодот на бебешкиот говор, па доенчињата тргнуваат во акција за доброто на сите бебиња.Познатите фаци во филмски утки

Мет Лебланк

Добро е што Мет Лебланк во своето резиме ја има серијата „Пријатели“ затоа што не смее да биде запаметен по „Ед“, филм за бејзбол играчот кој се спријателува со шимпанзо кое игра бејзбол. Снимен во 1996 година, овој филм доби и 3 номинации за наградата за најлош филм „Златна малина“ (пандан на Оскарот, но ги одбележува најлошите филмови во годината) – за најлош филм, најлошо сценарио и за најлоша филмска двојка (Мет Лебланк и механичкиот мајмун). Сепак, изгуби во сите категории од „Стриптиз“ со Деми Мур. Повеќе среќа следната година.Познатите фаци во филмски утки

Адам Сендлер

Хуморот на Адам Сендлер или го сакате или не го сакате, но изгледа дека на никој не му се допаднал оној во Going Overboard. Еден од неговите први филмови снимен уште во 1989 година, моментално се наоѓа на 44 место на листата на 100 најлоши филмови на IMDB. Филмот комплетно е сниман на брод тргнат на крстарење од Њу Орлеанс до Канкун. Куриозитет е дека камерманите заборавиле да ја донесат кутијата со леќи, па директорот на фотографија бил приморан да го снима целиот филм со погрешни леќи.Познатите фаци во филмски утки

Куба Гудинг Џуниор

Куба Гудинг го доби Оскарот за споредна улога во филмот „Џери Мекгвајер“, но за комедијата Daddy Day Camp може да се каже дека беше бичуван. Режисерско деби на детската филмска ѕвезда, Фред Саваџ во кој Гудинг е во главната улога, е продолжеток на Daddy Day Care со Еди Марфи. За жал не и толку успешен. Филмот доби 5 номинации за Златна малина и ја освои наградата за најлош филмски продолжеток.Познатите фаци во филмски утки

Ерик Робертс

Не дека Ерик Робертс е најдобар актер на планетата Земја и нема направено ниту една филмска грешка (напротив попознат е по утките и филмовите од Б-категорија), но неговото остварување во Miss Cast Away мора да го ставиме, пред сè, поради неговото уникатно сценарио. Значи, филмот е комедија во која се комбинираат Cast Away и „Мис шарм“, „Планета на мајмуните“, „Шесто сетило“, „Паркот Јура“ итн. Што ќе се случи доколку авион полн со убавици на пат кон изборот за Мис универзум, се сруши на празен остров? Инаку во овој филм се појавува и Мајкл Џексон.Познатите фаци во филмски утки


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар