Познат филозоф и мотивациски говорник ја открива мудроста што може да ви го смени животот

Доктор Вејн Дајер се подготвувал за говорот што требало да го одржи и одлучил со себе да понесе портокал како реквизит за предавањето. Во текот на предавањето, тој започнал разговор со еден дечко кој седел во првиот ред. Во продолжение, дознајте како течел разговорот…

Познат филозоф и мотивациски говорник ја открива мудроста што може да ви го смени животот

„Ако го стиснам портокалов најсилно што можам, што ќе излезе?“, прашал докторот.

„Секако дека сок“, одговорил младичот и му упатил збунувачки поглед на докторот.

„Мислиш дека сок од јаболко ќе излезе од него?“, повторно прашал докторот.

„Не“, се насмеал дечкото.

„Можеби сок од цитрон?“

„Не!“

„Што ќе излезе тогаш од него?“, не се откажувал докторот.

„Секако дека сок од портокал!“, луто одговорил дечкото.

„Зошто? Зошто кога ќе стиснеш портокал излегува сок од портокал?“

„Па, тоа е портокал и тоа има внатре!“, изнервирано одговорил дечкото.

Докторот кимнал со главата и продолжил.

„Ајде да си замислиме дека овој портокал не е портокал, туку дека тоа си ти. И некој те стиска, врши притисок на тебе, те навредува… Од тебе излегува бес, омраза, горчина и страв. Зошто? Одговорот е, како што младиот пријател кажа, затоа што тоа има во нас.“

Ова е една од најголемите животни лекции. Што излегува од вас кога животот ќе ве притисне? Кога некој ќе ве повреди или навреди? Доколку од вас излегува бес, болка и страв, тоа е така, затоа што има во вас. Не е важно кој ве притиска, дали родителите, децата, партнерот, шефот или државата.

Ако некој ви каже нешто што не ви се допаѓа, она што ќе излезе од вас е она што се наоѓа во вас. А она што се наоѓа во вас, зависи само од вас, тоа е ваш избор. Кога некој ве малтретира и од вас излегува сѐ друго освен љубов, тоа е така затоа што сте им дозволиле на негативните работи да се вселат во вас. Еднаш кога ќе ги отфрлите сите лоши нешта кои не ги сакате во животот и ќе ги замените со љубов, вашиот живот ќе стане многу посреќен и попродуктивен.

Прочитајте ги и следниве 15 мудрости од таткото на мотивацијата.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар