Поучна приказна за верниот сокол: Зошто паметните луѓе никогаш не донесуваат избрзани заклучоци?

Некогаш одамна си живеел еден господар кој имал сокол. Тој многу го сакал својот сокол и секогаш кога одел на лов, го носел и него на рака. Еден ден отишол во шумата и видел елен. Господарот го јавнал коњот и јурнал по еленот. Отишол толку далеку што неговите слуги не можеле да го следат и го изгубиле од вид.

Поучна приказна за верниот сокол: Зошто паметните луѓе нкогаш не донесуваат избрзани заклучоци?

Господарот го стигнал еленот, го уловил и почувствувал дека одеднаш многу ожеднел. Долго јавал со коњот наоколу барајќи некаков извор, но не можел да најде ништо. Конечно стигнал до подножјето на една голема карпа и видел дека од нејзиниот врв полека капе вода. Извадил една чаша од неговата торба и се обидел да ја наполни со вода. Чашата полека се полнела и баш тогаш кога ја доближил до устата, долетал соколот, го удрил по раката и сета вода се истурила.

Господарот му се налутил на соколот и повторно ја ставил чашата под карпата за да ја наполни. Успеал да ја наполни и ја доближил до устата, но соколот повторно го удрил по раката и сета вода се истурила. Сега господарот многу се налутил, го фатил соколот и го треснал од земја, а птицата останала да лежи неподвижно.

Набрзо пристигнал еден од слугите на господарот и тој му кажал дека е многу жеден. Слугата ја земал чашата и ја наполнил со водата од матерката што ја носел. Му ја подал на господарот, но тој му кажал:

„Ми се пие чиста и ладна вода. Сакам од онаа што капе од карпата, но не сакам да чекам да се полни чашата капка по капка. Качи се горе на карпата и наполни ми вода од изворот.“

Слугата се качил на карпата, го нашол изворот и што да види! На самиот раб од карпата лежела змија, а нејзината отровна плунка се мешала со изворската вода и капка по капка се слевала надолу.

Слугата се исплашил, брзо се симнал долу и му објаснил на господарот што видел. Потоа, му ја наполнил чашата со вода од матерката и му ја дал. Господарот ја доближил до устата, но не можел да се напие ниту голтка. Горко заплакал, му го покажал мртвиот сокол на слугата и почнал да ја колне својата непромисленост. Целиот живот се сеќавал на оваа несреќна случка!

Наравоучение: Паметните луѓе никогаш не преземаат ништо додека не размислат добро.

Прочитајте ја и следнава поучна приказна која ќе ви открие колку навистина вредиме.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар