Поучна приказна: Вашата слабост може да стане ваша најголема сила

Едно 10-годишно момче одлучило да тренира џудо и покрај фактот дека ја изгубило левата рака во сообраќајна несреќа. Момчето започнало со часови кај еден стар учител. Тој бил добар во тренирањето, па не можел да сфати зошто и по три месеци обука, неговиот учител го учи само на едно движење.

„Учителе“, рекло момчето конечно. „Зар не би требало да научам повеќе движења?“

На тоа учителот одговорил:

„Ова е единственото движење што го знаеш, но исто така и единственото што некогаш ќе ти биде потребно да го знаеш.“

Поучна приказна: Вашата слабост може да стане ваша најголема сила

Иако не разбрало многу, момчето верувало во својот учител и продолжило со тренирањето. Неколку месеци подоцна, учителот го одвел на неговиот прв натпревар. Изненадувачки за него, момчето лесно ги освоило првите две битки. Третата битка била малку потешка, но по некое време неговиот противник станал нетрпелив и момчето вешто го победило со еден потег. Сѐ уште изненадено од своите достигнувања, момчето влегло во финалето. Овој пат неговиот противник бил поголем, посилен и поискусен. По некое време, момчето било совладано. Загрижен дека може да биде повреден, судијата повикал тајм аут. Само што сакал да го запре натпреварот, се вклучил учителот и инсистирал тој да продолжи. Брзо откако продолжил натпреварот, неговиот противник направил критична грешка, при што паднал, а момчето го искористило ова за да го совлада и да победи на натпреварот.

Сега тој бил шампион. На патот кон дома момчето и неговиот учител разговарале и го разгледувале секој потег во натпреварот, а по одредено време тоа собрало храброст, па го прашало учителот како успеал да го освои натпреварот, знаејќи само еден потег?

„Ти победи поради две причини“, рекол учителот. „Најпрво, ти речиси совлада еден од најтешките удари во џудото. Второ, единствената одбрана од тој потег е противникот да ја фати твојата лева рака.“

Така, во тој момент, најголемата слабост на момчето станала негова најголема сила.

Поука: Понекогаш чувствувате дека имате одредени слабости и го обвинувате Бог поради тоа, но никогаш не знаете кога токму тие слабости може да станат вашата најголема предност. Секој човек е посебен и значаен, па затоа никогаш не мислете на слабостите, на гордоста или на болката, туку само живејте го животот во целост и трудете се да го извлечете најдоброто од него!


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар