Поучна приказна: Соба полна со балони

Група од 50 луѓе присуствувала на семинар. Наеднаш водачот на групата застанал и решил да организира групна активност. Најпрво им дал на сите по еден балон. Секој требало да си го напише името на балонот со маркер. Потоа сите балони ги ставиле во една соба.

Поучна приказна: Соба полна со балони

Во втората фаза, сите од групата ги пуштиле во собата и им била зададена задача секој да си го пронајде својот балон во рок од 5 минути. Сите очајнички се обидувале да си го најдат името, судрувајќи се меѓусебно, туркајќи ги другите и создавајќи вистински хаос.

После 5 минути никој не успеал да го најде својот балон.

Потоа, секој требало да избере по еден балон и да му го даде на личноста чие име е напишано на балонот. За неколку минути секој го имал својот балон.

Водачот на групата тогаш заклучил: Ова истово се случува со нашите животи. Секој очајно трага по среќата околу себе, не знаејќи каде таа се наоѓа. Нашата среќа лежи во среќата на луѓето околу нас. Дајте им среќа на луѓето, ќе ја добиете сопствената. А ова е целта на човековиот живот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар