Поучна приказна: Сладолед без чоколаден прелив

Ова е една од оние приказни што ќе ви покажат дека добрината уште постои во човештвото и дека понекогаш, извршувајќи ги секојдневните обврски, забораваме дека нашата фрустрација и лутина може да доведе до погрешни впечатоци. Ние мислиме дека целиот свет е против нас и воопшто не ги забележуваме малите добри дела што останатите ги прават за нас! Продолжете со читање…

Поучна приказна: Сладолед без чоколаден прелив

Одамна, кога сладоледот чинел помалку, едно 10-годишно момче влегло во слаткарница и седнало на една од слободните маси. Набрзо дошла келнерка, му сипала вода во чашата пред него и го прашала што ќе порача.

„Колку чини сладоледот со чоколаден прелив?“, возбудливо прашало момчето.

„20 денари“, одговорила таа.

Момчето извлекло ситни пари од неговиот џеб и почнало да пребројува колку има.

„А колку би било без чоколадниот прелив?“, тивко прашало.

Во тој момент влегле други луѓе и седнале карши момчето, мавтајќи со рацете кон келнерката за да побараат мени. Таа почнала да станува нетрпелива.

„15 денари“, отсечно одмавнала со главата.

Момчето уште еднаш ги пребројало парите. „Може да ми донесете од сладоледот без прелив“, насмеано рекло.

Келнерката му го донела сладоледот, заедно со сметката и се оддалечила од него. Момчето завршило со јадењето, ги оставило парите на масата и си заминало. Кога келнерката се вратила кај масата, не можела да им поверува на своите очи! Детенцето оставило 15 денари за сладоледот и уште 5 денари плус, како нејзин бакшиш.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар