Поучна приказна: Прозорецот на болницата

Двајца луѓе, и двајцата сериозно болни, делеле иста соба во една болница. На едниот од нив му било дозволено секој ден да седи по еден час за да можат неговите бели дробови да се исчистат од некои течности. Неговиот кревет бил токму покрај прозорецот, додека другиот пациент не смеел да прави ништо друго освен да лежи.

Поучна приказна: Прозорецот на болницата

Така лежејќи, двајцата со часови зборувале за своите животи. Зборувале за своите семејства, сопруги, домови, за работата, за спомените од служењето на воениот рок, за спомените од летните одмори…

Секој ден, кога оној што лежел покрај прозорецот добивал дозвола да поседи малку и да ѕирне низ него, почнувал да му раскажува на својот цимер за она што го гледал надвор. Пациентот кој морал цело време да лежи во креветот живеел за тој еден час во денот кога неговиот свет се проширувал и развеселувал поради убавините што се случувале надвор.

Прозорецот гледал кон еден парк во кој имало мало езерце. По него пливале пајки и лебеди додека малите дечиња си играле со своите бротчиња. Млади вљубени парови се шетале помеѓу разнобојните цвеќиња, а во далечина имало преубава глетка на градот.

Кога човекот кој седел покрај прозорецот ќе почнел во детали да му ја опишува убавата глетка на другиот, тој само ги затворал очите и замислувал како изгледа сето тоа. Еден ден, на својот цимер му опишал една прекрасна парада која поминувала токму покрај нив. Иако другиот не можел да ги чуе звуците на парадата, можел да ја види во своите мисли токму онаква каква што сликовито му ја опишал неговиот цимер.

Така поминувале денови, недели и месеци. Едно утро, кога сестрата донела вода за да ги измие го забележала безживотното тело на човекот кој лежел веднаш до прозорецот, кој мирно починал во сон. Потоа натажено ги повикала болничарите да го изнесат од собата.

По некое време другиот пациент побарал да го преместат да лежи покрај прозорецот. Сестрата му го дозволила тоа, па кога се сместил удобно во новиот кревет го оставила насамо. Иако со болка, полека се подисправил на лактот за конечно да ѕирне низ прозорецот. По сето напрегање, здогледал само еден бел, празен ѕид. Ја прашал сестрата што би можело да го натера неговиот поранешен цимер да му опишува такви убави работи кога низ прозорецот не се гледало ништо. Таа му одговорила дека сега починатиот бил слеп и не можел да го види ниту ѕидот.

„Веројатно сакал само да ти даде сила,“ му рекла таа.

Поука: Без оглед на тоа во колку тешка ситуација се наоѓаме, големо е задоволството да ги направиме другите среќни. Кога тагата се дели, таа станува помала, но кога се дели среќата, таа станува поголема.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. LizaRd Reply

    Уште како дете во основно училиште (сега имам 25) мислам дека беше 7-мо одделение, на час по англиски ја спремавме претставава за интернатот на школото. Mister White and Mister Brown. Btw јас бев убиецот. :)

Остави коментар