Поучна приказна: Одразот во огледалото

Поучна приказна: Одразот во огледалото

Си била еднаш една прекрасна девојка која многу сакала да се гледа во огледало. Таа секој ден го поминувала пред огледалото, восхитувајќи се на сопствената убавина. Не правела ништо друго освен тоа! Не излегувала, не запознавала луѓе. Си била доволна самата на себеси, а огледалото ѝ било нејзиниот најдобар пријател. Сметала дека е опасно нејзината убавина да ја покажува во јавност, бидејќи знаела колку завидливи можат да бидат луѓето и се плашела дека некој би можел да ѝ наштети.

Поучна приказна: Одразот во огледалото

Еден ден, сосема случајно огледалото паднало и се скршило. Девојката била тажна и никако не можела да пронајде утеха. Ѝ се чинело дека останала сама на светот. Секој ден се чувствувала сѐ побезнадежно, бидејќи немала ништо што би ја туркало напред. Нејзината убавина била единственото нешто со кое таа се гордеела, единственото мерило за нејзината вредност, бидејќи немала други вештини и способности. Таа била толку зафатена со самата себе, што не стигнала ништо да научи и целосно се отуѓила од надворешниот свет.

Меѓутоа, еден ден сфатила дека огледалото не е повеќе тука како доказ за нејзината вредност и решила дека треба да почне да се мери во однос на другите луѓе. На почетокот ѝ било тешко да стекне нови пријатели, бидејќи не знаела како да се однесува, но со малку упорност и со постојано учење од сопствените грешки таа набрзо го зголемила кругот на пријатели. Видела дека луѓето не се толку лоши и дека не ја ценат само поради нејзиниот надворешен изглед. Открила дека поседува некои позитивни карактеристики за кои ни самата не била свесна. И тогаш сфатила колку погрешно било тоа што се затворала во себе и колку многу работи пропуштила во животот.

По некое време, таа повторно го пронашла нејзиното скршено огледало и повторно ја обземала старата желба за огледување. Но, сега во скршените парчиња можела да ги види многубројните отсјаи, а не само нејзиниот лик како претходно. Огледалото ја претставувало лажно и било само прашање на време кога таа ќе го согледа тоа. Девојката научила дека нема да може засекогаш да се потпре на нејзиниот изглед, бидејќи убавината исто како и огледалото е минлива и има свој рок на траење. Внатрешната убавина на човекот, неговата добрина, дарежливост, толеранција и скромност се од суштинско значење за неговото постоење и тоа се особините кои остануваат засекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар