Поучна приказна: Најпаметниот човек на планетата

Едно неделно попладне, доктор, адвокат, мало момче и свештеник летале со мал приватен авион. Одеднаш, се појавиле проблеми со моторот и покрај најголемите обиди на пилотот, авионот почнал да паѓа. Токму затоа пилотот земал падобран, им рекол на патниците да го сторат истото и скокнал од авионот.

Поучна приказна: Најпаметниот човек на планетата

За жал, останале само уште 3 падобрани. Во тој момент докторот грабнал еден, рекол, Јас сум доктор, спасувам животи, токму затоа и треба да живеам и скокнал.

Адвокатот без размислување земал уште еден падобран, рекол, Јас сум адвокат и адвокатите се едни од најпаметните луѓе на светот и токму затоа заслужувам да живеам и скокнал.

Свештеникот го погледнал малото момче и рекол, Сине, јас живеев долг и исполнет живот. Ти си млад и животот тек допрва ќе ти почне. Токму затоа земи го последниот падобран и живеј во мир.

Малото момче му го вратило назад падобранот на свештеникот и му рекло, Не грижете се оче. Најпаметниот човек на светот само што скокна со мојот ранец.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар