Поучна приказна: Мудар одговор од дворскиот шут на разгалениот крал!

Си беше еднаш во едно кралство еден разгален крал кој на сѐ наоѓал маана. Но, особено го лутеле нерамнините на патот кон неговиот замок. Секогаш кога тргнувал и кога се враќал од патување, неговите стапала го болеле, па решил да го промени тоа и издал наредба секоја патека во неговото кралство да се прекрие со животинско крзно.

Поучна приказна: Мудар одговор од дворските луѓе на разгалениот крал!

Кога дворскиот шут ја слушнал кралската наредба, веднаш почнал да се смее. Без никаков страв, одлучил да му објасни на кралот зошто неговата идеја е бесмислена.

„Драг кралу, па тоа е лудо! Зошто да го трошите вашето богатство? Зошто да убиете толку животни? Зарем не е подобро ако земете две парчиња крзно и ги заврзете на стапалата?“, предложил дворскиот шут.

На кралот му се допаднал советот на неговиот дворски шут, па така и сторил. На тој начин се појавиле и првиот пар чевли во неговото кралство.

Поука: За да го промениме светот, треба да почнеме од себе. Не можеме да ги прилагодиме природата и светот на нас, туку треба да најдеме начин да се вклопиме во нив. Всушност, единственото нешто што треба да се промени е нашиот поглед кон светот, проблемот и можното решение.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар