Поучна приказна: Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Поучна приказна: Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Се чувствувате како да сте заробени во кругот на секојдневието? Сè што ви е потребно е малку мудрост за вашиот живот повторно да се врати на вистинскиот пат, па можеби токму оваа приказна ќе ви помогне во тоа…

Поучна приказна: Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

„Како да излезам од магичниот круг на празното секојдневие во кој нема ниту љубов ниту среќа?“ – го прашал човекот мудрецот.

„Од тој круг можеш да излезеш само на она место каде што се спојуваат неговиот почеток и крај!“ – му одговорил мудрецот.

Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде што се спојувало небото со земјата, но на негово изненадување хоризонтот секогаш бил на истата оддалеченост. Уморен од сè, тој седнал на брегот од океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот и зборовите на мудрецот постојано му одѕвонувале во глава.

Долго седел на брегот, набљудувајќи ги сонцето и облаците, а навечер месечината и ѕвездите. По некое време тој конечно го видел своето минато како се спојува со иднината во сегашниот момент, во неговиот живот.

Тогаш тој сфатил точно што сакал да му каже мудрецот. Не постои место на светот каде што се спојува крајот со почетокот, но на секое место во одреден момент крајот се претвора во нов почеток. Тој повторно го побарал мудрецот кој го упатил кон хоризонтот, сигурен во намерата да го совлада времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.

„Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, па што треба да сторам следно?“ – го прашал човекот мудрецот.

„Ако твоето минато е исполнето со патење, почекај го оној момент кога сонцето на хоризонтот ќе почне да се искачува и токму тогаш остави го целото патење зад себе. Ако во минатото си бил роб на лошите навики, почекај сонцето да почне да се искачува и во наредните 3 дена прави ги само оние нешта кои сакаш да ги правиш до крајот на својот живот. Доколку твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, притоа оставајќи ги другите зад себе и не се врти назад. Доколку во твојот живот немало радост, тогаш направи го она што ќе те направи среќен, без разлика на тоа за колку мало нешто станува збор, тоа со тек на време ќе се прошири во целата твоја иднина. Доколку во твојот живот немало љубов, во тој момент со копнеење погледни кон сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот“ – одговорил мудрецот.

Човекот му се заблагодарил и тргнал по својот пат. Тој никогаш повеќе не го посетил мудрецот, бидејќи сфатил дека старите маки можат да останат позади, додека покрај себе може да ги носи само оние нешта со кои сака да ја исполни својата иднина. На тој начин, тој и ќе ја сретне љубовта на својот живот. Барем така кажува оваа стара легенда за човекот и мудрецот…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар