Поучна приказна: Две тврдоглави магариња

Одејќи по својот пат, две магариња застанале лице пред лице, обидувајќи се да поминат преку тесен мост. „Пушти ме да поминам“, викнало едното од нив. „Никогаш, тргни се од мојот пат“, одговорило другото. Тие продолжиле со карањето со денови, држејќи ја својата позиција без да се помрднат ниту еден милиметар во спротивната насока од онаа во која се движеле.

Поучна приказна: Две тврдоглави магариња

Како што минувало времето, така тие сè повеќе губеле енергија. Толку биле внесени во своето расправање, сакајќи секој да го истера своето, што не ни забележале колку време стоеле на мостот. Набрзо, гладот и жедта ги совладале до тој степен што тие изгубиле свест и паднале во реката под мостот.

Недалеку од мостот, набљудувале уште две други магариња, секое на спротивна страна од реката. Кога конечно решиле да тргнат, тие се сретнале на половината од мостот, исто како и претходните две. Но, учејќи ја лекцијата од нивните тврдоглави роднини, тие си направиле место еден за друг и безбедно минале низ мостот. И двете стигнал дома безбедно.

Поука: Тврдоглавоста и инатот постојано ќе ве држат на истото место во животот. Можеби дури и ќе ве враќаат наназад.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна за царот и бунарот.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар