Поучна приказна: Човекот и малото маче

Еден ден, додека еден старец се шетал во шумата, одеднаш здогледал мало маче кое било заглавено во некоја дупка. Кутрото животно се борело за да излезе, па тој му ја подал раката за да го извлече. Но, исплашено, мачето го изгребало по неговата рака, па човекот ја повлекол, лелекајќи од болка. Но и по неколку пати повторување на ова, тој не запирал да ја пружи раката кон мачето повторно и повторно…

Поучна приказна: Човекот и малото маче

Малку подалеку од него стоел друг човек кој со изненадување викнал: „Боже! Престани да му помагаш на мачето, самото ќе излезе.“ Но, човекот не се грижел за тоа што му зборувале, па продолжил да му помага на мачето, кое конечно, после неколку обиди, успеало да излезе. Потоа, му се приближил на човекот кој претходно му прозборил, па му рекол: „Тоа што мачето ме греба е негов инстинкт, а моја работа е да покажам љубов и разбирање.“

Поука: Однесувајте се кон луѓето според вашите принципи, а не според нивните. Однесувајте се онака како што сакате и тие да се однесуваат кон вас!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар