Поучна приказна: Бескрајниот круг на злобата

Еднаш одамна живеел еден крал што бил толку суров, што неговите поданици копнееле за неговата смрт. Но еден ден, необјасниво, тој ги изненадил сите така што изјавил дека одлучил да сврти нов лист. Тој ветил дека нема веќе да биде суров, ниту пак да шири неправда и навистина стоел на неговиот збор. Оттогаш станал познат како „Нежниот монарх“.

Поучна приказна: Бескрајниот круг на злобата

Многу месеци по неговата трансформација, еден од неговите министри собрал доволно храброст да го праша што го натерало да се одлучи за ваква промена. Кралот одговорил:

„Додека го јавав мојот коњ во шумата, забележав како едно куче брка лисица. Таа успеа да се спаси, но не пред кучето да ја гризне нејзината нога и да ја осакати за цел живот. Потоа стигнав до селото каде што го забележав истото куче. Тоа лаеше на еден човек. Како што ги набљудував, човекот зема огромен камен и го фрли кон кучето, кршејќи му ја ногата. Мажот не стигна многу далеку пред да го удри коњ. Неговото колено се распрсна и тој падна наземи, осакатен. Коњот брзо се стрча за да бега, но падна во дупка и си ја скрши ногата. Тогаш сфатив – злото носи само зло. Ако продолжев со мојот злобен живот, сигурно злобата ќе ме совладаше. Затоа и решив да се сменам.“

Министерот си заминал од просторијата, убеден дека е време да го убие кралот и да го преземе тронот. Задлабочен во своите мисли, не ги забележал скалите пред него и паднал, кршејќи си го вратот.

Поука: Колку повеќе добро правите, толку повеќе добро ќе ви се враќа. Но ако правите некому зло, истото очекувајте го и за себе.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар