Поучна приказна: Берачи на цреши

Земјоделците од областа Мечкина река во Нова Шкотска, каде што расте една од најдобрите видови цреши во светот, имаат еден несекојдневен обичај. За време на бербата на цреши, фармерите за одредена цена го даваат „дрвото во закуп“ за еден час.

Поучна приказна: Берачи на цреши

Штом ќе плати закупувачот, дрвото е „негово“ и тој слободно може да бере. Сите цреши кои ќе ги собере за однапред одреденото време, му припаѓаат нему, затоа што закупот не се мери по количина, туку по време. Кога ќе истече времето, дрвото му се предава на следниот закупувач. Во рамките на овој систем, оној кој ќе собере најмногу цреши за најкратко време, добива најмногу пари. Еден берач се издвојувал од сите останати и секогаш собирал најмногу. Еден ден го прашале како успева во тоа, а тој со насмевка им одговорил: „Тоа е едноставно. Не собирам цреши од долните гранки, затоа што од нив најлесно се бере, па повеќето берачи почнуваат од таму. Тие се фокусирани на берењето плодови од овие гранки, што се поретки, па забораваат на богатиот род кој се наоѓа на повисоките!“

Така е и во животот. Не се исплати да тежнеете кон она што лесно може да се достигне. За ваквиот став треба многу работа и тој поставува многу барања пред човекот кој гледа напред и поставува цели кои се поразлични од оние на другите. Потребно е многу храброст и напор за идејата да се претвори во акција или вистинска вредност. На оние кои се подготвени да се справат со тешките задачи, нема да им биде лесно, но ќе постигнат вредни резултати!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар