Поучна приказна: 3 филтри за чисти зборови

Поучна приказна: 3 филтри за чисти зборови

Во древна Грција, Сократ (469-399) бил многу познат по својата мудрост. Еден ден го посетил познаник кој бил многу вознемирен…

Поучна приказна: 3 филтри за чисти зборови

„Сократ, знаеш ли што дознав за Диоген?“

„Само момент“, одговорил Сократ. „Пред да ми кажеш што си чул, прво ќе направиме еден мал тест кој се вика Троен филтер тест.“

„Троен филтер?“

„Точно. Пред да ми кажеш за Диоген, прво ќе ги поминеме твоите зборови низ филтри. Ајде да почнеме. Првиот филтер е вистината. Дали си апсолутно сигурен дека она што имаш намера да ми го кажеш е вистинито?“

„Не, јас само слушнав за тоа.“

„Добро, значи не знаеме дали е вистина или не. Ајде да се обидеме со вториот филтер, оној за добрината. Дали имаше намера да ми кажеш нешто добро за Диоген?“

„Не, баш напротив…“

„Значи сакаш да ми кажеш за Диоген нешто што можеби е лошо, а не си ни сигурен дека е вистина?

Човекот ги подигнал рамената, малку збунет. Сократ продолжил:

„Веста сè уште може да помине, па ајде да преминеме на третиот и последен филтер – корисноста. Дали она што сакаш да ми го кажеш за Диоген може да биде корисно за мене?“

„Не, мислам дека нема.“

„Па“, заклучил Сократ. „Ако она што сакаш да ми го кажеш не е вистина, ниту пак добро ни корисно, зошто би сакал да го пренесеш на кој било друг?

Човекот останал збунет и посрамотен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар