Потпрете се на вашата интуиција и изберете ја според вас најпривлечната свеќа

Потпрете се на вашата интуиција и изберете ја според вас најпривлечната свеќа

Се вели дека во различни периоди од животот сме склони кон бои што во тој момент најмногу ни се допаѓаат. За тоа постојат и неколку причини. Како прво, нашата интуиција е доста моќна работа, и понекогаш може да укажува на факти кои не му се очигледни на нашиот мозок. Како второ, избирајќи боја, се обидуваме да го надополниме недостатокот на одредени квалитети или состојби. Овој тест е едноставен и тој јасно ќе ви покаже како се чувствувате во оваа животна фаза и ќе ви помогне да пронајдете решение за надминување на моменталните потешкотии. А сега, погледајте ја фотографијата и изберете свеќа без подолго размислување.

1-potprete-se-na-vashata-intuicija-i-izberete-ja-spored-vas-najprivlechnata-svekja-www.kafepauza.mk_

1. Црна

Многу луѓе веруваат дека црната боја е поврзана со нешто негативно, или со нешто лошо. Но, црните свеќи често ја повикуваат силата на луѓето кои го напуштиле овој свет, не негативноста или лошите страни. Заради тоа, нив често ги палат во тешки животни периоди, слични на оние што вие моментално ги преживувате.

2. Виолетова

Виолетовата боја помага за подигнување на нивото на енергија и внатрешна мотивација. Тоа е корисно за луѓето кои не се сигурни во себе и кои се чувствуваат исцрпено. Во секој случај, виолетовата свеќа ќе ви помогне да го намалите тоа чувство и ќе ви ја подигне самодовербата.

3. Бела

Белата свеќа е симбол на чистота на душата. Таа ги разбиструва мислите и дава јасна претстава за животните цели. Ако сте ја избрале баш неа, најверојатно ви недостига јаснотија и патоказ. Белата свеќа можете да ја запалите кога сте зафатени со самоистражување, бидејќи таа ќе го направи потранспарентно и попродуктивно.

4. Сина

Сина – боја која ги симболизира нашите физички потреби. Таа го зголемува нивото на позитивни вибрации во просторот и помага за хармонизација на расположението. Ако се чувствувате духовно исцрпени, сините свеќи ќе ви помогнат во создавање на исцелителна атмосфера.

5. Зелена

Во индиската медицина зелената боја одговара на срцевата чакра. Оваа боја треба да ја изберете доколку се чувствувате исфрлени од светот, природата и живеете одвоено од целата планета.

6. Жолта

Жолтата боја, по правило, се поврзува со комуникациските вештини, јаснотија на умот и мислата. Најсилно влијание има на мозочниот центар. На неа треба да гледате кога ви престои изучување на некој материјал, или кога се занимавате со самообразование.

7. Црвена

Се сеќавате на лавот од „Волшебникот од Оз“, кому му недостигаше храброст? Напивката која му ја даде волшебникот, беше токму во црвена боја. Покрај негативните конотации, како што се бесот, опасноста и злото, црвената боја може да биде доста позитивна. Бидејќи огнот може сѐ да запали, а може и самиот да се изгори.

Погледнете го и овој тест на личноста: Која врата би ја отвориле?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар