Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадите се места каде што луѓето се среќаваат, прават бизнис зделки, се дружат или дискутираат за политика. Овие места ја комбинираат историјата на градот со моменталната атмосфера. За патниците, токму плоштадите се првите места кои тие ги посетуваат.

Плоштадот Навона во Рим

На местото каде што денес се наоѓа плоштадот Навона, порано се наоѓал староримски стадион изграден од императорот Диоклецијан. Стадионот имал овална форма, исто како и денешниот плоштад. Плоштадот Навона е познат по Фонтаната на четирите реки кои всушност ги претставуваат четирите големи реки од познатите континенти: Нил во Африка, Ганг во Азија, Дунав во Европа и Рио де ла Плата во Америка. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот Конкорд во Париз

Сместен во средината на Елисејските полиња, Плоштадот Конкорд изобилува со статуи сместени околу 3000 години стариот обелиск, подарок од Египет за Франција во 1829 година. Кога плоштадот бил изграден во 1763 година, тој бил на самиот раб на градот, кога граничел со полиња и градини. Елеганцијата на овој плоштад стои наспроти неговата мрачна историја, кога Конкорд бил место каде биле егзекутирани кралот Луј XVI, Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот Свети Марко во Венеција

Овој плоштад го добил своето име според истоимената базилика Свети Марко и модерната палата Дукале, најпознатите венецијански атракции кои се наоѓаат една до друга. Плоштадот Свети Марко е создаден за време на првите денови од прогласувањето на Венецијанската Република. Заради нивната големина, токму овие градби се првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Венеција. Потеклото на најпознатите плоштади

Црвениот плоштад во Москва

Името на овој плоштад не се поврзува со црвената боја, ниту со комунизмот. На руски се вика Krásnaja Plóščaď, што во превод значи убав или црвен плоштад. Најпозната атракција на овој плоштад е катедралата Свети Василиј, препознатлива по нејзините шарени куполи. На Црвениот плоштад, исто така, се наоѓаат и мавзолејот на Ленин и црквите и палатите на Кремљ. Во минатото, Црвениот плоштад бил пазар, место за крунисување на царевите, терен за воени паради, а денес е и концертна сцена. Потеклото на најпознатите плоштади

Големиот плоштад во Брисел

Трагедијата понекогаш може да доведе до големина. Откако централниот плоштад во Брисел бил уништен во војната со Луј XIV во 1695 година, градоначалниците на Белгија одлучиле да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, беше создаден Големиот плоштад. Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот на имамот во Иран

Плоштадот на имамот е вториот најголем плоштад во светот, веднаш зад плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Конструкцијата на џамијата на овој плоштад е слична со конструкцијата на Таџ Махал. На овој плоштад, освен главната џамија, се наоѓаат и џамијата на шеикот Лотф Алах, Кралската палата и чаршијата која води до северната страна на плоштадот. Многубројните чајџилници на плоштадот ја надополнуваат глетката на плочките кои ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето. Потеклото на најпознатите плоштади

Вашингтон сквер парк во Њујорк

Пред три децении Вашингтон сквер парк во Њујорк беше збиралиште на дилерите на дрога. Меѓутоа, со неговата реставрација која вклучуваше детално уредување и центрирање на фонтаната, ова место го доби својот гламур. Историјата на Вашингтон сквер парк опфаќа најразлични протести, закопи и паради. Денес во близина на фонтаната се собираат џез музичари кои импровизираат со музиката. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот во стариот дел од градот Краков

Веќе 800 години по ред, секој час од кулата Света Марија во стариот дел на Краков се слуша звук што означува предупредување. Уште од тоа време овој плоштад бил најголемиот средновековен плоштад во Европа. Тоа што порано бил пазарот во овој дел од Краков, денес е продавница за рачно изработени чипка, накит од килибар, украсни јајца во рококо стил и многу други орнаменти. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот во стариот дел од градот Прага

Плоштадот во стариот дел од градот Прага претставува хармонија на романескни, барокни и готски градби. Со векови ова место било центар на трговијата, сè додека во 1990-тите години не се појавиле договорите за приватизација. Во средината на плоштадот се наоѓа статуата на Јан Хус, верски реформатор кој бил изгорен на клада заради неговите верувања. Најинтересната атракција на овој плоштад е астрономскиот часовник, на кој секој час е претставен со симболични фигури, како што се Суетата и Смртноста. Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот Зокало во Мексико Сити

Плоштадот Зокало е центар на животот во Мексико Сити од времето на Ацтеките. Опкружен е со федералните згради и Националниот дворец, а како најголема градба се издвојува катедралата, до која се наоѓа музејот во кој се изложени сите предмети пронајдени од ископувањата кои, исто така, се вршат во непосредна близина на катедралата. На овој плоштад секојдневно може да се сретнат улични забавувачи маскирани како Ацтеки кои го вршат ритуалот на прочистување пред катедралата. Потеклото на најпознатите плоштади


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар