Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата. Па, следниот пат кога ќе се најдете во долги редици на аеродромите, сетете се информациите од оваа објава. Времето ќе ви помине побрзо. 🙂

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Црвена

Ова е највообичаената боја. Пасошите со ваква корица се најчест избор на земјите со историски или моментален комунистички систем. Граѓаните на Словенија, Србија, Русија, Латвија, Романија, Полска и Кина имаат црвени пасоши. Земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, исто така користат пасоши со боја на бургунди или различни нијанси на црвена. И земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, како што се нашата, Турција и Албанија, неодамна ги сменија пасошите во црвени. Андската заедница на земји: Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, исто така имаат пасоши со бургунди боја.

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Сина

Ова е следната боја по вообичаеност. Сината боја на кориците го симболизира „новиот свет“. 15 карипски земји имаат сини пасоши. Во рамките на земјите од Јужноамериканскиот блок, синиот пасош ја симболизира врската со Меркосур – трговска унија. Ова ги вклучува Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела е исклучок бидејќи исто така припаѓа на унијата, но нејзините жители имаат црвени пасоши. Пасошите на американските граѓани беа променети во сини во 1976 година.

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Зелена

Повеќето муслимански земји имаат зелени пасоши, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан. Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните од неколку западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Нигер и Сенегал, исто имаат документи за патување во различни нијанси на зелена. Во нивниот случај, бојата означува дека припаѓаат на Економската заедница на западноафрикански држави.

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Црна

Најретките пасоши во светот имаат црна корица. Овие можете да ги забележите помеѓу граѓаните од некои африкански земји, меѓу кои Боцвана, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго, Малави и други. Граѓаните од Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши бидејќи ова е националната боја на нивната земја.

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?

Погледнете ја мапата за подобро да ги проучите боите на пасоши кои се карактеристични за сите земји во светот.

Постојат само 4 бои на пасоши во светот. Знаете ли зошто?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар