Постојат два вида перфекционизам: добар и лош. Кој го поседувате вие?

Лошиот вид перфекционизам е примарно фокусиран на анксиозноста која настанува под влијание на потребата да се биде совршен. Според едно неодамнешно истражување, тој може да наштети на многу области од животот на луѓето. Овој перфекционизам подразбира константно грижење за достигнување невозможно високи стандарди и правење грешки. Тој исто така вклучува и грижа да не се разочараат другите. Психолозите откриле дека оваа карактерна особина има голема поврзаност со разочарување на работното место, најмногу затоа што трудот во работата многу често може да помине ненаграден.

Постојат два вида перфекционизам: добар и лош. Кој го поседувате вие?

Од друга страна пак, добриот перфекционизам е поврзан со попозитивен исход. Оние кои си поставуваат високи цели и кои постојано работат кон подобрување на себе, постигнуваат многу повеќе од оние кои се фокусирани на својата анксиозност. Овие резултати доаѓаат од ревизија на 43 различни студии спроведени во текот на последниве 20-тина години. Д-р Ендрју Хил, водечкиот автор, вели:

„Грижите проследени со перфекционизмот ги заробуваат стравовите и сомнежите за личните способности, создавајќи стрес кој води кон разочарување кога луѓето стануваат цинични и престануваат да се грижат. Тоа исто така може да влијае и врз врските, правејќи ги сите потешкотии тешки за справување бидејќи секоја грешка се гледа како катастрофа.“

Од друга страна пак, постои поврзаност помеѓу анксиозниот перфекционизам и различни видови здравствени проблеми, меѓу кои и депресија, анксиозност, нарушувања на исхраната, па дури и предвремена смрт. Бидејќи повеќето од луѓето имаат тенденција кон перфекционизам во одредени делови од нивниот живот, ова може да биде голем проблем. Д-р Хил вели:

„Луѓето мора да научат како да ги предизвикаат ирационалните верувања кои ги поттикнуваат грижите настанати од перфекционизмот така што ќе создадат реалистични цели, ќе го прифатат неуспехот како можност за учење и ќе си опростат доколку не успеат. Исто така од голема помош може да биде и создавањето околина каде што креативноста, трудот и издржливоста се од најголема вредност.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар