Постојат 2 видови емпати: Во која група спаѓате вие?

Постојат 2 видови емпати: Во која група спаѓате вие?

Да се биде чувствителен на нештата кои другите луѓе ги искусуваат е добро, но до одреден степен. Сè додека не ви влијае негативно, вие можете да имате придобивка од тоа. Сочувствувањето, грижењето и способноста да се види нешто од туѓа перспектива се важни аспекти за одржувањето здрав живот. Имајќи го тоа на ум, дали сте знаеле дека постојат два различни видови емпати? Погледнете што значи да се биде емпат, а што идентификатор, и како овие способности влијаат на самите личности…

Постојат 2 видови емпати: Во која група спаѓате вие?

1. Емпат: Личност која е способна да ги процесира емоциите и енергиите на другите луѓе до тој степен што всушност може да почувствува што тие чувствуваат, емоционално и физички. Многу емпати искусуваат хроничен умор, алергии, необјасниви болести и болки во телото кои доаѓаат од надворешно влијание.

2. Идентификатор: Личност која се истоштува и изморува кога е во поголема група луѓе, некој кој се храни од емоции, особено од трагедија и загуба. Овие личности не успеваат да се дистанцираат од другите. Емпатите можат да сочувствуваат со другите бидејќи знаат што им припаѓа на нив, а што на некој друг, но идентификаторите не ја прават таа разлика.

Идентификаторот пред да стане емпат, најчесто постојано се става во туѓа кожа и ги чувствува оние нешта кои им се случуваат на другите со ист интензитет како да му се случуваат нему лично. Многу е тешко да се биде идентификатор, бидејќи најчесто тие чувствуваат многу страв. За разлика од нив, емпатите можат да се дистанцираат од емоциите на другите луѓе, додека истовремено чувствуваат емпатија.

На пример, замислете дека пред вас некоја личност се дави во езеро. Ако сте идентификатор, вие ќе бидете толку преокупирани со мислата како би било доколку вие во моментов се давите, па затоа и без размислување ќе се фрлите во вода за да помогнете, дури и покрај тоа што не знаете да пливате. На тој начин, одеднаш, две личности се дават. Но, ако сте емпат, вие нема да скокнете во водата ако не знаете да пливате, туку ќе останете смирени, на брегот, и ќе почнете со зборување да ѝ помогнете на оваа личност да се извлече. Вие сочувствувате со неа и сакате да помогнете, но не по цена на својот личност.

Идентификаторите, со доволно трпение и пракса можат да станат емпати. Но, доколку продолжат со претераното впивање на туѓите емоции додека истовремено ги доживуваат како свои, тие можат полека да губат контакт, сè додека не стигнат до момент кога нема да знаат што во нив е нивно, а што присвоено од другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар