Постојат 12 видови членови во секое семејство. Кој сте вие?

Постојат 12 видови членови во секое семејство. Кој сте вие?

Секое семејство е посебно на свој начин, но постојат неколку видови личности кои се присутни речиси во секоја фамилија. Кога ќе помислите на вашите најблиски, кои од овие карактери можете да ги препознаете во нив?

Грижлив

На секое семејство му е потребен барем еден член којшто ќе се однесува грижливо. Оваа личност ги става потребите на другите пред сопствените и секогаш сака да знае како сте, како оди работата и дали ви е потребна помош. Оваа личност ќе ви подготвува супа кога сте болни, а и среќна е да ги слуша вашите најнови приказни.

Контролор

Контролорите секогаш имаат свое мислење и секогаш сакаат да биде по нивно, почнувајќи од семејните јадења, па сѐ до дестинациите за одмор. Иако понекогаш може да бидат досадни, тие имаат тенденција да бидат и одлични партнери! Особено се среќни кога им е дадена слободата да организираат одредени настани.

Миротворец

Сите семејства одвреме-навреме имаат по некоја кавга, па тука доаѓа улогата на миротворецот. Тие се оние личности на коишто не им се допаѓа кога е нарушена семејната хармонија, па затоа настојуваат да го подобрат расположението.

Хаотичен

Некои луѓе едноставно се неуредни. Тие некако ќе успеат во дневната да создадат вистински хаос, каде што за само неколку часови ќе соберат еден куп ѓубре. Ако живеете со ваква личност, прифатете дека вашиот дом никогаш нема да биде сосема чист. За жал, тие дури не ни сфаќаат што направиле!

Тивок

Дали имате роднина којшто речиси никогаш не дозволува да знаете што мисли? Можеби тие само сакаат да ги задржат мислите за себе или пак се чувствуваат срамежливо кога се во друга средина. Понекогаш овие личности можете да ги слушнете како зборуваат отворено, но само доколку се разговара за нивната омилена тема, во спротивно, тие се воздржани и се држат на страна.

Кловн

Најчесто очигледно е кој ја игра улогата на кловн во семејството. Оваа личност секогаш се шегува и не се грижи дури и луѓето да се смеат на нејзина сметка. Овие луѓе секогаш имаат да раскажат некоја интересна приказна, па дури и сериозните ситуации ги гледаат од поинаков аспект. Кловновите често ги забавуваат и помладите членови во семејството.

Саркастичен

Некои луѓе никогаш не ја поминуваат тинејџерската фаза на сарказам. Имено, тие се саркастични во секоја прилика кога можат и иако ова не им одговара на потивките членови на семејството, сепак тие со нивниот саркастичен однос може да ги забавуваат останатите.

Поврзувач

Оваа личност знае сѐ за секого. Ако ви требаат информации за некој член на семејството, оваа е вистинската личност на којашто треба да ѝ се обратите. Најчесто оваа улога ја има некоја тетка или баба којашто може да потроши многу часови озборувајќи ги роднините. Но, тие исто така се добри и за поттикнување на семејни собири.

Оној кој зборува гласно

Овие личности секогаш се бучни и сакаат да бидат сигурни дека секој знае што точно тие мислат. Тие некогаш може да бидат иритирачки, но честопати се забавни и знаат како да си поминат прекрасно!

Готвач

Овој тип личности секогаш испробуваат нови рецепти и ви нудат да ја пробате нивната храна. Ако сте среќници, ќе уживате во нивните одлични специјалитети, во спротивно ќе ги избегнувате нивните „интересни“ и „експериментални“ комбинации на храна.

Мрзливец

Позната ли ви е онаа личност којашто постојано лежи на каучот, а повремено е и во потрага по храна? Интересно е колку тие може да останат во една позиција со часови. Сепак, ниту едно семејство не би било комплетно без барем еден член којшто е добар токму во правењето ништо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар