Постои град во Доминиканската Република каде што девојчињата се претвораат во момчиња за време на пубертетот

Градот Лас Салинас во Доминиканската Република ќе биде главната локација за снимање на вториот дел од документарната серија „Countdown to Life – The Extraordinary Making of You“ во која се истражува генетиката и создавањето на човечкото тело во матката. Оваа област што се наоѓа во Карибите, станува сè попопуларна поради феноменот каде што на индивидуи навидум родени како девојчиња им растат пениси за време на пубертетот.

postoi-grad-vo-dominikanskata-republika-kade-shto-devojchinjata-se-pretvoraat-vo-momchinja-za-vreme-na-pubertetot-www.kafepauza.mk (2)

Ова генетско нарушување, што влијае на секое 90-то дете на островот, се верува дека е предизвикано од недостаток на одреден ензим за време на бременоста. Овој ензим, познат како дихидро-тестостерон, е тоа што го вклучува напливот на хормони во матката чија задача е да ги претвори гонадите на ембрионот во пенис доколку тој ембрион носи Y хромозом. Но поради негово недостасување, клетките не се определуваат на соодветниот начин и бебето физички се раѓа како девојче.

Природата сепак има начин како да го поправи ова, па создавањето на пенис што требало да се случи во матката, се случува години подоцна за време на пубертетот кога телото повторно минува низ наплив на хормони.

За научниците овие индивидуи се познати како „псевдохермафродити“, но локалното население ги нарекува „гуеведочес“ – што во буквален превод би значело „пенис на 12“. Тие се родени со примарните полови карактеристики, но подоцна ги развиваат секундарните полови карактеристики што се сосема различни од она што генетски може да се очекува.

Ќе дознаеме многу повеќе за овој фасцинантен феномен по излегувањето на документарната серија на BBC…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар