Постои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна...

Постои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна…

Кога станува збор за врски и однос, мажите и жените имаат слични или исти желби. Но, кога станува збор за привлечност, постои една машка особина на која ниту една жена не може да одолее. Според истражувањето кое било објавено во магазинот „Evolutionary Psychology“, неколку од вечните дилеми за привлечноста помеѓу мажите и жените конечно станале јасни.

Постои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна...

Првиот дел од тестирањето бил спроведен на 50 млади личности кои требале да набљудуваат профили (фотографии и кратки видео снимки) на 100 непознати личности и врз основа на нив да одлучат кои им се најпривлечни. Резултатите дале прилично јасни одговори – оние кои најмногу се смееле и биле духовити привлекле најголемо внимание. Другиот дел од истражувањето вклучувало 200 мажи и жени, сингл, на возраст од 20 до 30 години. Секоја од жените требало да помине 10 минути со секој од мажите вклучени во тестирањето и потоа да одлучат кој од нив им бил најсимпатичен и кои особини најмногу им се допаѓале кај него. Иако одговорите биле многу различни, експертите заклучиле дека оние мажи кои се труделе да бидат духовити добиле најпозитивни критики од жените. Исто така, истражувањето не било поврзано со духовитоста и интелигенцијата.

Иако во оваа приказна факторот како физичка привлечност игра огромна улога, сепак заклучокот бил многу едноставен. Кога мажот се обидува да биде духовит, а жената на неговиот обид реагира со искрена насмевка, големи се шансите дека таа ќе посака и подобро да го запознае. Ако и двајцата пријатно се смеат, голема е шансата дека нивниот однос ќе се развие во нешто повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар