Постелнината во оваа боја ќе ви помага полесно да заспиете

Оваа боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување. Недостатокот на сон може да има негативен ефект врз сите аспекти во вашиот живот.

1-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_

Луѓето кои патат од несоница често имаат проблеми со здравјето, концентрацијата, помнењето, а недостатокот на сон се одразува и на надворешниот изглед. Ако често имате проблеми со заспивањето, сигурно досега сте испробале разни методи, од лекови до медитација, но можеби само е потребно да ја промените постелнината.

Експертите за сон тврдат дека сината боја во спалната соба создава спокојно и мирно опкружување, односно дека чаршафите во таа боја може да помогнат при проблемите со спиење.

2-postelninata-vo-ovaa-boja-kje-vi-pomaga-polesno-da-zaspiete-www.kafepauza.mk_

Ако сината боја ви изгледа премногу впечатливо за спална соба, ист ефект ќе има и сиво-сината нијанса која е моментално и голем тренд во уредувањето на ентериерот.

Од друга страна пак, љубителите на сината боја може слободно во спалната соба да додадат уште неколку детали во оваа нијанса за уште подобар ефект.

За да создадете една пријатна и топла атмосфера во вашата спална соба, погледнете како вашата спална соба да ја претворите во рустична оаза.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар