Последниот број од годината на раѓање ќе ви открие нешто интересно за вашиот карактер

Нашата личност не ја одредува само периодот од годината во кој сме родени, годишното време или хороскопскиот знак. Нешто интересно за секого може да се дознае и последниот број од годината на раѓање. Секој број има соодветен елемент – метал, вода, дрво, оган и земја. Тие може да откријат многу за нечија личност, навики и слично.

1-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Под кој елемент сте вие родени ќе дознаете од последниот број од годината во која сте родени. На пример, ако сте родени во 1987 година, вашиот број е 7, а елементот ви е оган. Епа ајде, побарајте го вашиот број, дознајте кој елемент сте и што тоа кажува за вас…

Метал – 0 и 1

2-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени под овој елемент имаат цврст карактер и се многу отпорни. Тие се слободни и прилично резервирани, бидејќи сакаат да го прават она што е добро за нив и самите да влијаат врз својот живот. Сакаат да живеат доследно и да бидат опкружени со љубов.

Тоа се поединци кои знаат што сакаат и ќе направат сѐ за да дојдат до тоа. Одлучни се и не толерираат пропусти. Недостаток им е преголемата желба за чувство на моќ, луксуз и многу пари.

Вода – 2 и 3

3-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени под овој елемент се многу сочувствителни, привлечни и симпатични. Тие имаат големи замисли и се многу снаодливи, а тоа е она што ги прави успешни во професиите поврзани со уметноста.

Тоа се луѓе кои имаат многу добар инстинкт и исклучително се ориентирани на деталите.

Дрво – 4 и 5

4-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Ова се самоуверени и внимателни луѓе. Тие ја сакаат оригиналноста, новите искуства и сонуваат да го истражат светот околу себе, за да ги откријат сите негови бизарни места и загатки.

Не се себични и егоистични, а луѓето кои ги опкружуваат го ценат тоа, па затоа уживаат во нивното друштво.

Оган – 6 и 7

5-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени под елементот оган се вистински авантуристи и сонуваат да го пропатуваат целиот свет. За нив може да се каже дека се прилично брзоплети, па тоа понекогаш им носи проблеми кои не морало да ги имаат.

Тие се омилени во друштвото, бидејќи се однесуваат природно и многу се љубезни. Може да се каже дека го имаат она нешто кои другите луѓе ги привлекува кон нив.

Земја – 8 и 9

6-posledniot-broj-od-godinata-na-vasheto-ragjanje-kje-vi-otkrie-neshto-interesno-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Тука станува збор за личности кои се многу доверливи и кои се добри претприемачи. Тие се разумни и секоја работа паметно ќе ја разгледаат. Сакаат дисциплина и ред, и да живеат така што ќе се држат до своите планови.

Луѓето родени под елементот земја, кога работат нешто, го прават тоа на невпечатлив начин. Најмногу се плашат од непознати ситуации.

Исто така, ви предлагаме да дознаете кои сте биле во претходниот живот според вашиот датум на раѓање.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар