Голем број млади не знаат каква е формата на Земјата

Поразувачки голем број млади во светот не знаат каква е формата на Земјата

Многу е тажно што оние на кои планетата останува, воопшто не се сигурни каква е нејзината форма.

Поразувачки голем број млади во светот не знаат каква е формата на Земјата

Една американска компанија за обработка на статистички податоци изработила онлајн анкета во која учество земале над 8.000 испитаници. Основното прашање било дали сметаат дека Земјата е рамна, што е една од најчестите, а очигледно и најгрешните теории на заговор.

Дури 84% од испитаниците одговориле дека планетата е кружна, 5% не биле сигурни за формата, 2% биле убедени дека Земјата е рамна, но сега се сомневаат во тоа, а 7% избрале друго објаснување.

Поразувачки голем број млади во светот не знаат каква е формата на Земјата

Во статистичкиот примерок на учесници на возраст меѓу 18 и 24 години, околу 66% биле сигурни дека Земјата е кружна, 16% избрале друго објаснување, а останатите не знаеле да одговорат. Доколку овој процент пропорционално се пренесе на ниво на целиот свет, тогаш се добива поразителна бројка од над 30% младо население кое всушност не знае каква е формата на светот во кој живее.

Секако, оваа груба проценка не е и не може да биде целосно точна, но со оглед на бројот на населението во САД, процентот кој не знае ништо за својата планета е сериозно голем.

Меѓутоа, многу познати и влијателни личности јавно тврдат дека Земјата е рамна, па често и тоа влијае младите луѓе да се сомневаат во вистинитоста на фактите што ги учат во училиште. Влијание, исто така имаат и лажните вести, социјалните мрежи и блоговите каде што се пласираат теории на заговор, а преку кои лесно се доаѓа до целните групи.

Она што е тешко во оваа ситуација е прашањето, дали ваквата состојба може да се поправи и колку време ќе биде потребно за тоа?

Прочитајте ги и 7-те начини на кои можете да докажете дека Земјата не е рамна


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар