Поплавената пустина во Бразил

Националниот парк „Lençóis Maranhenses“ се наоѓа во североисточниот дел на Бразил и претставува едно од најуникатните места на планетата. Огромниот предел од околу 1.000 квадратни километри е пустина со ситен бел песок, во која има безброј прекрасни оази.

Поплавената пустина во Бразил

Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на амазонскиот базен, регионот е погоден од редовната дождлива сезона во почетокот на годината. Водата од дождот се акумулира во долините помеѓу песочни дини и формира јасно сини и зелени лагуни, кои се најголеми во периодот помеѓу јули и септември. Иако езерата ги нема во поголемиот дел од годината, сепак во нив можат да се забележат голем број риби, бидејќи нивните јајца од реката ги носат птиците.

Поплавената пустина во БразилПоплавената пустина во Бразил

Местото е создадено пред неколку илјадници години, како резултат на таложење на песокот кој го носел ветрот од реките во близина. Најдобар период за посета е периодот од мај до септември, кога времето е топло, а езерата полни.

Поплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во Бразил


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар