Помалку познати, но прекрасни љубовни цитати од литературата што сигурно досега не сте ги прочитале

Постојат љубовни цитати што сите сме ги прочитале по 1.000 пати. Добро познатите книги како што се „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин и „Оркански висови“ од Емили Бронте се полни со романтични љубовни изјави. Можеби и самите сте ги искористиле зборовите на вашите омилени книжевни ликови за да ѝ изјавите љубов на саканата личност.

Најубавите љубовни цитати од литературата што некогаш сте ги прочитале!

Меѓутоа, постојат прекрасни љубовни цитати кои не се толку популарни и за кои веројатно не сте чуле досега. Прочитајте за што станува збор и можеби и самите ќе се инспирирате да напишете нешто романтично и да му го разубавите денот на партнерот…

„Заљубеноста е привремено лудило. Еруптира како земјотрес и потоа се повлекува. Кога ќе се повлече, мора да донесете одлука. Треба да размислите дали вашите корени ќе се испреплетат толку многу што би било незамисливо да се разделите некогаш. Тоа е љубовта… Љубовта е она што останува кога заљубеноста ќе згасне. Не звучи многу возбудливо, нели? Но, возбудливо е!“ – Луис де Берниер, „Мандолината на капетан Корели“ (Corelli’s Mandolin)

„Сето задоволство во животот, сета искрена гордост на мојата работа во светот, сето ова чувство на постоење ѝ го должам нејзе… Мора и треба да чуете за мојата љубов, бидејќи не верувам дека досега постоел човек што толку многу сака некоја жена.“ – Елизабет Гаскел, „Север и југ“ (North and South)

„Кога љубите некого тоа е исто како да го запознавате вашиот најдобар пријател.“ – Елизабет Вајн, „Кодот наречен веродостојност“ (Code Name Verity)

„Љубовта започнува тогаш кога жената ќе го запечати првиот збор во нашето поетско сеќавање.“ – Милан Кундера, „Неподнослива леснотија на постоењето“ (The Unbearable Lightness of Being)

„Твојот израз на лицето ми кажува дека минатата вечер си бил во друштво на личност која според тебе е најпријатната личност на светот, личност која моментално те интересира повеќе од сите луѓе на светот заедно.“ – Џејн Остин, „Убедување“ (Persuasion)

„Ќе најдам начин да бидам среќен и навистина би сакал да бидам среќен со тебе, но ако не можам да бидам среќен со тебе, ќе најдам начин да бидам среќен без тебе.“ – Ренди Пауш, „Последна лекција“ (The Last Lecture)

„Го обожавам твоето име. Не сакам да испуштам ниту една единствена согласка.“ – Рејнбоу Рауел, „Елеонор и Парк“ (Eleanor & Park)

Најубавите љубовни цитати од литературата што некогаш сте ги прочитале!

„Ја сакам и тоа е почетокот и крајот на сѐ останато.“ – Ф. Скот Фицџералд, „Драг Скот, Најдрага Зелда: Љубовните писма на Ф. Скот и Зелда Фицџералд“ (Dear Scott, Dearest Zelda: The Love Letters of F. Scott and Zelda Fitzgerald)

„Љубовта не треба да ја бараме во друг човек, туку треба да ја разбудиме во нас самите. Но, за да го направиме тоа, потребна ни е другата личност. Универзумот има смисла само тогаш кога можеме да ги споделиме нашите чувства со некого.“ – Пауло Коељо, „11 минути“ (11 Minutes)

„Ќе те следам до крајот на светот.“ – Халед Хосеини, „Илјада неверојатни сонца“ (A Thousand Splendid Suns)

„Ти си дел од моето постоење, дел од мене. Ти си била присутна во секоја реченица што некогаш сум ја прочитал.“ – Чарлс Дикенс, „Големите очекувања“ (Great Expectations)

„Пред смртта ќе се покаам само ако не умирам од љубов.“ – Габриел Гарсија Маркес, „Љубов во време на колера“ (Love in the Time of Cholera)

„Сите вие што страдате поради љубовта, љубете уште повеќе. Ако умрете од љубов, тоа значи дека сте живееле според неа.“ – Виктор Иго, „Клетници“ (Les Misѐrables)

Доколку сѐ уште не добивте инспирација, можеби ќе успеете да ја покажете љубовта кон саканата личност со некој од овие прекрасни романтични цитати.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар