Положбата на вашите нозе тајно открива што мислите

Сигурно сте свесни за вашите нозе само кога танцувате. Одењето и дишењето се работи за кои обично не размислувате, тие едноставно се случуваат. Но дали знаевте дека и нозете имаат голема улога во говорот на телото? Во продолжение прочитајте го значењето на разните позиции на вашите, или нозете на соговорникот и откријте за што размислува некој, дури и кога не зборува.

1. Разделените нозе укажуваат на доминација

(3)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Кога стоите со двете стапала цврсто на подот, со тоа давате знак дека немате намера да си одите. Додека мислите дека постојано стоите вака, размислете дали секогаш сте застанати на двете нозе, или пак на едната се потпирате повеќе? Кога некој стои во оваа положба, тој покажува доминација. Па, ако ви е потребна малку самодоверба, слободно застанете вака. Но, внимавајте на ситуацијата, бидејќи понекогаш можете да изгледате како закана.

2. Вкрстените глуждови се знак за нервоза

Ако сте жена, овој вид седење е учтив и женствен. Но, кога станува збор за интервју или нешто слично, оваа положба прави да изгледате нервозно. Тоа е исто како да си ја гризете устата. Овој гест покажува дека задржувате некоја негативна емоција или несигурност. Ако забележите некој со вкрстени глуждови, почнете да го прашувате позитивни прашања за неговите чувства, и многу е веројатно дека ќе ја смени положбата на нозете.

3. Глужд на колено: Личноста е подготвена за расправија

(2)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Треба да внимавате на оваа положба. Кога вашите нозе се поставени вака вие давате знак дека сте подготвени за расправање.

(6)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Ако пак ги поставите рацете на едната нога, положбата станува „перманентна“ и укажува дека сте тврдоглави и нема да го прифатите мислењето на соговорникот.

4. Стоење со вкрстени нозе: Различно значење кај мажи и жени

(7)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Кај жените оваа положба покажува дека тие сакаат да останат таму кај што се. Како разделените нозе, положбата укажува на доминација. И мажите со оваа положба покажуваат дека сакаат да останат таму кај што се, но кај нив постои и мала несигурност бидејќи потсвесно ги штитат нивните интимни делови.

5. Споени нозе

(4)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Ова е многу неутрална позиција и покажува неодлучност за тоа дали сакате да останете или да си заминете. Ако мало дете застане вака пред наставник, тоа демонстрира внимание. Исто така, луѓето покажуваат почит со оваа положба. Па, ако не сакате да навредите никого најдобро е да застанете со споени нозе.

6. Насоката на стапалата покажува каде сакате да одите

(1)polozhbata-na-vashite-noze-tajno-otkriva-shto-mislite-kafepauza.mk.jpg

Ако стоите со група луѓе, обрнете внимание кон каде се насочени стапалата на личноста која стои до вас. Ние сме склони да го насочуваме нашето доминантно стапало кон личноста која ни е најинтересна и најпривлечна. Исто така, ако некој ги насочил стапалата кон најблискиот излез, тоа е јасен знак дека сака да си замине.

Останете фокусирани

Па, дали забележавте некоја положба на вашите нозе дури го читавте текстот? Обидете се да останете свесни во текот на денот и ќе забележите што правите со вашите нозе во разни ситуации. Ќе се изненадите од пораките кои ги испраќате.

Откријте и како да привлечете сечие внимание со говорот на телото.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар