Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови

Венеција е најпознатиот „град на каналите“, но сепак има и други градови изградени на вода, што се подеднакво убави и инспиративни. Во продолжение погледнете кои се тие.

Суџоу, Кина

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Суџоу се наоѓа во близината на Шангај, во покраината Џиангсу. Покрај прекрасните канали, присутни се и многу историски згради, а раскошните Кинески градини само уште повеќе го оживуваат целиот пејзаж. Во Суџоу има и мошне ресторани, продавници и кафулиња. Храмовите и оперската куќа се нештата кои мора да ги посетите доколку некогаш одите овде.

Бруж, Белгија

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Овој град има многу историски зданија и мостови кои им овозможуваат на туристите полесно да уживаат во каналите. Кога шетате по улиците на Бруж, како да се навраќате на некое минато време. Бруж е познат по изработката на чипка, а продавниците за чоколадо ги има речиси на секој чекор. Ова е прекрасна средновековна дестинација совршена за прославување на некои романтични моменти или пак на зимските празници, кога целиот плоштад се претвора во магична снежна бајка.

Бангкок, Тајланд

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Покрај каналите, во Бангкок има многу храмови кои вреди да се видат, а уличната храна и ноќниот живот се нешта кои треба да ги доживеете овде. Исто така, не смеете да ги пропуштите рестораните и пазарите на вода. Доколку сакате да ја избегнете гужвата, најдобро е да посетите некои од парковите, од кои најголем е паркот Лумпини.

Гитхорн, Холандија

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Иако кога ќе се спомне Холандија, првата асоцијација е Амстердам, сепак Гитхорн е подеднакво спектакуларен и прекрасен град. Куќите таму се изградени во класичен холандски стил, а кога пловите по каналите можете да ги видите и убавите антички дрвени мостови. Каналите во Гитхорн се влеваат во езеро и токму затоа, повеќето туристи одлучуваат да изнајмат чамец и целосно да го почувствуваат градот.

Бирмингем, Англија

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Ќе се зачудите кога ќе дознаете дека Бирмингем всушност има повеќе канали од Венеција. Модерниот дел од градот значајно се разликува од делот со каналите, каде се задржани зградите од викторијанскиот период. При разгледување на каналите, ќе наидете и на многу паркови кои мора да ги посетите, а ќе ве потсетат на минатиот век. Бирмингем изобилува и со музеи, продавници и ресторани, кои исто така вреди да се погледнат.

Кан То, Виетнам

Покрај Венеција, мора да ги посетите и следните неколку градови...

Реката Меконг го дава изобилието од канали во Кан То и истите најубаво можете да ги доживеете со изнајмување на чамец од мештаните. Пејзажите најпрвин изобилуваат со станбени објекти, потоа продолжуваат со руралните средини и на крајот се доаѓа до џунглата. Има и многу храмови и цркви кои исто така треба да се погледнат кога одите во Кан То.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар