Поинаков поглед во секојдневието на Ирачаните

Автор: Петар Тодоровски

Сè што сме слушнале за Ирак во последно време се експлозии, пукотници, немири и многу цивилни жртви. И не може да се очекуваат поинакви вести од држава којашто беше погодена од војна, но не може ни да мислиме дека тоа е сè што се случува таму.

Даниел Брит е патописец и фотограф кој го пропатувал Блискиот Исток во последниве неколку години и ни нуди редок поглед во секојдневието на Ирачаните. И самиот потврдува дека избегнувањето на бомбите била неговата најважна задача, но видел и многу други работи кои немаме можност да ги видиме на вести, а кои се прикажани на следниве фотографии.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПовеќето кафези во Багдадската зоолошка градина се празни, но и оние десетина животни што останале не се многу пријатни за гледање. Рибата на сликата морала да мине низ ласерско тетовирање на ирачкото знаме, а мајмунот е многу тажен. Вработените во зоолошката се лесно поткупливи, па не е тешко дури и да се влезе во кафезот на мајмунот, кој патем речено, разбира малку арапски. На зборовите „салам садеки“, што значи поздрав, тој веднаш пријателски ќе ја испружи шепата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеСтатуата на жена што пишти е поставена во близина на најголемата џамија во Багдад во знак на сеќавање на 408 жени и деца кои загинале на тоа место во напад на Американските воздушни сили во 1991 година, сметајќи дека тоа всушност било воено засолниште.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеЛокалното население се соочува со големи горештини, па не е зачудувачки тоа што уште во текот на месец мај во реката Тигар се забележуваат луѓе на внатрешни камионски гуми како се разладуваат во реката.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеТешко е да се одреди професијата на Мула Али. Тој ги користи и исламската вера и технологијата при лекувањето на неговите пациенти. Со помош на електрошок терапија поставува дијагноза, а потоа препишува комбинација од молитви и лекови кои треба да го истераат злиот дух од телото на пациентот. Мула Али е доста популарен во Ирак, а тврди дека досега успеал да излечи рак, сида и кравјо лудило. Целиот процес на лекување се снима, а дивиди може да се купи на излезот од ординацијата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеБорбата со петли е најпопуларна занимација на Ирачаните, пред сè затоа што им овозможува да се коцкаат. И покрај големата сиромаштија во земјата, обложувалниците за некои борби примаат облози во вкупна вредност и од по неколку илјади долари.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеВо Багдад има три руинирани фудбалски игралишта, каде што не се игра на трева туку во прашина, но тоа не ги спречува локалните жители да уживаат во убавата игра. Секој градски кварт има свој тим, се игра секој ден, а еден тим може да изигра и по неколку натпревари.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПазарот во Алави нуди една од најавтентичните слики за Ирак, но може да биде морбидна за останатиот дел од светот. Таму најчесто може да се забележат глави од овци, кои се најважната состојка на традиционалната ирачка супа.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеПазарот на животни во Зако работи само во недела, а уште претпладне пречекува стотици посетители кои со нетрпение чекаат во живо да гледаат убивање на овци! Покрај тоа, доста барани се и гулабите и кучињата за борба. Продавачите задолжително носат каубојски шапки.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеСпоменикот на жртвите од Халабџа сведочи за масакрот што го сторил поранешниот диктатор Садам Хусеин, кој плашејќи се од бунт на Курдите во северниот дел на земјата, употребил гас со кој убил повеќе од 5.000 луѓе во овој град. Денеска, меѓу другите знаменитости, на тоа место има восочни фигури на луѓе кои лежат убиени на земјата.Поинаков поглед во секојдневието на ИрачанитеУште еден музеј за времето на Садам Хусеин, овој пат слика од тортурата што ја трпеле затворениците.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар