Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Сите градови на Земјата се посебни, но некои од нив се толку необични што нема да ви се верува дека навистина постојат. Во продолжение погледнете кои се најчудните градови во светот што вреди да ги посетите доколку имате прилика…

Град каде што не можете да умрете

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Градот Лонгјербиен во Свалбард е едно од најсеверните места во светот и таму официјално не можете да умрете. Има гробишта во градот, но не се користени веќе 70 години. Причината за тоа е студената клима што не им дозволува на мртвите тела да се распаднат и поради тоа привлекуваат диви животни. Луѓето за кои се знае дека наскоро ќе починат ги пренесуваат до Норвешка со авион.

Град што се простира на две држави

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Градовите што се наоѓаат во две држави се почеста појава одошто мислите, но овој е понеобичен од останатите. Бисинген ам Хохрајн е германска енклава во Швајцарија. Од економска гледна точка, градот е дел од Швајцарија, но од административна гледна точка тој е дел од Германија.

Ова се неколку факти за овој интересен град:

  • Ова е единствениот германски град каде што швајцарските франци се официјална валута.
  • Има два поштенски кода – швајцарски и германски.
  • Граѓаните користат и швајцарски и германски телефонски броеви.
  • Фудбалскиот клуб Бисинген е единствениот германски тим што учествува на швајцарското првенство.

Најпеколниот град

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Навистина можете да најдете пекол во државата Мичиген во САД. Потеклото на името е непознато, но граѓаните со задоволство ја одржуваат пеколната слика за градот. Туристите се сликаат до знаците на кои пишува „Добредојдовте во пеколот“ (Welcome to Hell), а локалната продавница за сувенири продава гаранции за земја од 1 метар квадратен во „пеколот“ за само 6,66 долари.

Кинеско-австриски град

Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

Кинезите се познати по нивните вешти реплики на многу работи во светот, вклучувајќи и цели градови. За да можат да патуваат без да ја напуштат земјата, тие решиле да го изградат австриското гратче Халштат. Најпрво била изградена црквата, а потоа следеле и улиците кои биле исти како оригиналните. Но, треба да знаете дека земјиштата во кинескиот Халштат се поскапи од оние во австрискиот.

Продолжете на следната страница за останатите градови…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар