Погледнете како ќе изгледате за 20 години од сега

Станува збор за интересен веб-сајт што на некој начин функционира како временска машина. Сè што треба да направите е да додадете ваша фотографија и за само неколку секунди можете да откриете како би изгледале за 20 години од сега.

Погледнете како ќе изгледате за 20 години од сега

Користењето на оваа апликација е многу лесно и брзо, а пред да ја додадете фотографијата сè што треба да направите е да го одберете вашиот пол, возраст и дали сте имале проблеми со дрогата. Секако, станува збор за виртуелен трик и малку забава, па немојте да ја сфатите премногу сериозно фотографијата што ќе ја видите пред себе.

Епа ајде. Додајте ја својата фотографија на веб-сајтот in20years и дознајте како ќе изгледате за 20 години од сега. На овој начин можете да откриете и колку би биле слични со вашите родители кои веќе се отприлика толку постари од вас. Уживајте!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар