Погледнете ја слатката дружба на бувчето Фуку и мачето Маримо

Јапонија е земја позната по својата авангарда и необични трендови. После кафулињата за мачки и баровите за пингвини, Јапонците се одлучија на нешто навистина екстремно и нешто што вреди да се посети. А тоа се кафулињата за бувови.

Лоцирани насекаде низ Јапонија, овие кафулиња станаа огромен хит за многу кратко време. Разликата помеѓу обичното кафуле и кафулето за бувови е тоа што во второто можете да јадете и да пиете додека држите був на рацете. Во некои од нив, дури и служат храна инспирирана од овие ноктурални животни.

0-poglednete-ja-slatkata-druzhba-na-buvcheto-Fuku-i-macheto-Marimo-kafepauza.mk

Бувчето Фуку и мачето Маримо се дел од овие интересни кафулиња. Тие се најдобри пријатели кои обожуваат да се дружат, да си играат и да спијат заедно во нивниот дом во кафулето „Хукулоу“ во Осака, Јапонија. Погледнете ги нивните интересни дружби и дозволете им да ви го стопат срцето.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар