Погледнете ја оваа приватна плажа во Аруба каде што можете да се сончате со фламинга

Ако сакате да ја направите најдобрата Инстаграм фотографија на светот, дефинитивно треба да дознаете повеќе за ова неверојатно место. Станува збор за приватна плажа во Аруба каде што можете да одморате, да се релаксирате и да си играте со вистински фламинга! Не станува збор за шега!

Погледнете ја оваа приватна плажа во Аруба каде што можете да се сончате со фламинга

Плажата што е наменета само за возрасни е дел од Ренесансниот ресорт и казино во Орањестад, главниот град на овој тропски рај каде што на регистарските таблички навистина пишува „Еден среќен остров“.

Погледнете ја оваа приватна плажа во Аруба каде што можете да се сончате со фламинга

Најдобрите вести се тоа што не мора да бидете гости во ресортот за да уживате со фламингата. Можете да се купите дневна пропусница за 99 долари од човек. Влезницата вклучува ручек, коктел и душек за вода.

Погледнете ја оваа приватна плажа во Аруба каде што можете да се сончате со фламинга

Доколку имате можност да одлетате на Аруба, не ја пропуштајте вистинската забава со прекрасните розови фламинга. Којзнае, можеби и ќе научите да стоите на една нога со часови?!

Погледнете ја оваа приватна плажа во Аруба каде што можете да се сончате со фламинга

Во продолжение погледнете ја и најубавата плажа во Европа.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар