Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

Според доктор Мајкл Томасело, професор по развојна психологија при Универзитетот Дјук, децата се природно добродушни. Но, како што можат да посведочат родителите и наставниците, тие исто така знаат да бидат егоцентрични и комплицирани со многу промени во однесувањето во текот на нивниот развој.

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

Иако децата треба се воспитуваат на начин кој ќе им го доближи значењето на доброто дело преку лични примери од секојдневниот живот, има нешто посебно во тоа кога ќе им се дозволи на децата самите да дадат дефиниција за поимот „добрина“.

Со цел да се покаже нивното разбирање за оваа важна човечка особина, организацијата Dignity Health им дала задача на 6 деца на возраст од 4 до 11 години да го нацртаат последното добро дело што го виделе. Она што тие го нацртале и напишале за моќта на добрината ќе ви го стопли срцето и ќе ви ги отвори очите! Уверете се во тоа и самите…

1. Со пријателство до победа!

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Другар ми ме праша дали сакам да си играме. Тоа ме направи многу среќен.“ – Елон, 6 години

2. Човечката добрина доаѓа во форма на погача

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Еднаш јас и мојата дадилка му ги дадовме нашите погачи на еден бездомник. Се чувствував убаво, бидејќи му помогнав на човекот. Малите нешта прават голема разлика.“ – Луси, 11 години

3. Алтруизам на дело

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Едно девојче падна и си ја повреди ногата. Едно друго девојче ѝ помогна да стане и ја однесе кај медицинската сестра. Се растажив поради тоа што девојчето падна, но потоа станав среќна кога видов дека некој ѝ помогна.“ – Сесилија, 8 години

4. Меѓусебна грижа

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Вистинска добрина е кога човек ќе застане во нечија одбрана!“ – Орен, 8 години

5. Засолниште од бура

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Врнеше и еден непознат човек ми даде чадор.“ – Давија, 5 години

6. Шампион за добрина

Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

„Мајка ми ме зема од училиште и додека одевме накај дома видов една постара госпоѓа која беше многу натоварена и ѝ требаше помош да ги носи работите. Мајка ми отиде да ѝ помогне, а јас стоев отстрана, ги држев чашките што ги боев на училиште и навивав: „Браво! Само напред!“. Ми беше многу драго што мајка ми ѝ помогна на жената. И почувствував дека и моето навивање исто така помогна.“ – Саша, 8 години


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар