Погледнато од поинаква перспектива: Како навистина изгледа животот на татко со четири ќерки?

Многу од совршените фотографии кои ги гледате всушност и не ја отсликуваат реалноста. Токму затоа Симон Хoпер, татко на четири ќерки, одлучил да покаже како изгледа одгледувањето деца. Тој има многу следбеници на Инстаграм и тие секојдневно се зголемуваат.

Погледнато од поинаква перспектива: Како навистина изгледа животот на татко со четири ќерки?

„Целиот мој профил е да покажам реална слика за тоа како изгледа одгледувањето деца од гледна точка на еден родител“, вели таткото. „Има многу неискрености кога станува збор за родителите, па сакав да споделам како навистина изгледа тоа и истовремено да направам малку хумор.“

Неговата најстара ќерка е 9 години, другата е 6, а пред неколку месеци им се родиле и две прекрасни близначки. Сега Симон е вешт човек, таксист, инструктор за пливање, учител, готвач, советник, банка и многу друго. Погледнете некои од ситуациите со кои се соочува овој татко.

Една недела неговата ќерка имала сексуално образование во училиштето. Таа е многу паметна и имајќи мајка акушерка, знае повеќе од децата на нејзината возраст. Тие зборуваат отворено, а еден ден кога нејзината мајка била отсутна таа почнала да поставува прашања за мажите кои направиле нејзиниот татко да се чувствува како засрамено дете, но и покрај тоа, Симон ветил дека ќе ѝ ја каже вистината. Таа го прашала дали носи кондом, а кога добила потврден одговор, тогаш таа му одговорила: „Тогаш зошто имаш толку многу деца?“

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Симон повеќе од другите го прославува меѓународниот ден на девојчињата. Иако е премногу изморен, тој слави затоа што неговите девојчиња се силни и независни млади дами кои растат во свет каде што може да прават сè што ќе замислат, со малку охрабрување. Тој вели дека се стреми кон еднаквост и кон тоа да ги гледа жените како рамноправни, а не како во некои места каде што ги третираат како граѓани од втора класа и имаат ограничени можности.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Симон секогаш се наоѓа на работ од креветот, лежејќи во „машката зона“. Тој веќе е навикнат да спие во премногу ограничен простор, при што смета дека може да спие и на врвот на некој ѕид, без притоа да падне! Од другата страна на креветот спие неговата жена и останатиот простор е наменет за нивните ќерки.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Фотографијата подолу ги прикажува нивните две новородени ќерки, само неколку минути по раѓањето. Симон ја споделува оваа фотографија во знак за поддршка на милионите смртни случаи при раѓање кои се случуваат секоја година во земјите во развој.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Еден ден Симон имал задача да ја спакува торбата за бебињата. Тој решил тоа да го сфати тоа сериозно, па ги ставил бебињата внатре, а очекувал неговата жена да се смее на тоа. Но, тоа не се случило. Потоа тој предложил да исечат дупки на торбата за да им излезат нозете надвор, но неговата жена не била задоволна ни од тоа, па тој ги препакувал работите, ставајќи пелени, млеко во прав, играчки…

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Една вечер тој имал нов производ – чевли од деца! Тие чинат цело богатство, го спречуваат да постигне што било, драстично предизвикуваат да старее, никогаш не се чисти иако редовно ги мие и никогаш не одат онаму каде што тој сака.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Девојчињата го користат својот глас за да ја пренесат пораката дека навистина не уживаат во таа фаза на развој. Симон вели дека тоа повеќе личи на звук од рането животно, кое го прави тоа сакајќи сето тоа да заврши.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

По долг ден играње, на близнаците им е потребна бања, а исто така и нему, па нивниот ден завршил како на сликава. Теоретски, заедничката бања е добра идеја, но во реалноста тоа личи како голем кит кој им влегува во приватната бања на мали луѓе.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Симон сака да има слобода да биде креативен при избирањето облека, но кога ќе отиде во нивната соба, гледа дека облеката веќе е подготвена. Сигурно тој би имал тенденција да ги облекува како момчиња и би заборавил на важни работи.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

Татковците се добри да служат како рамка за искачување! Тие се натпреваруваат колку членови може да се качат врз него, пред тој да падне.

Погледнато од поинаква перспектива: Како изгледа животот на еден татко со четири ќерки?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар